Меси или Роналдо: Кој е подобар?

Рио Фердинанд по натпреварот меѓу Барселона и Челзи ги спореди Лионел Меси и Кристијано Роналдо и рече дека станува збор за подеднакво добри, но потполно различни играчи.

По него се јавија за збор уште неколкумина играчи кои имале можност да играат и со двајцата фудбалски асови, а повеќето од нив го избраа Меси.

Анхел ди Марија четири години играше со Роналдо во Реал, а со Меси со години во репрезентација. За него нема дилема.

„Роналдо е посебен играч, но Меси е од некоја друга планета. Тој е најдобар од натпревар во натпревар, секоја година. Нема зборови со кои би можеле најдобро да го опишете Меси“, рече Де Марија кој сега игра за ПСЖ.

Карлос Тевез ја делеше соблекувалната со Роналдо во Манчестер Јунајтед, а со Меси, исто како и Де Марија, играше во репрезентацијата на Аргентина.

„Кристијано мораше да работи за да стане најдобар, а Меси е роден таков. За него сево ова е природно. Тоа е најголемата разлика меѓу нив. Меси игра некој друг спорт во споредба со сите нас“, рече Тевез.

Соиграчот на Роналдо од португалската репрезентација Андре Гомеш не може, или не сака да се одлучи.

„Не можам да одговорам на тоа прашање. Португалец сум и неизмерно го почитувам Роналдо, подеднакво како и мојот соиграч Меси“, одговори Гомеш кој игра со Аргентинецот во Барселона.

Но, за Жерар Пике нема дилема.

„За мене Меси е најдобар бидејќи тој не е човечко суштество, а Роналдо е најдобар фудбалер меѓу луѓето“, духовито одговори Пике кој играше со Роналдо во Манчестер Јунајтед.

Аргентинскиот репрезенативец Езекиел Гарај играше со Роналдо во Реал, а на Меси вели дека му се восхитува целата негова кариера.

„Меси едноставно нема граници. Прв пат го гледав во U-15 репрезентацијата и веднаш ми беше јасно дека станува сбор за посебен дечко“, рече Гарај, а поранешниот напаѓач на Барселона и Манчестер Јунајтед Хенрик Ларсон сочувствува со Португалецот.

„Кристијано навистина нема среќа што живее во исто време со Меси. Роналдо е чудо, но Меси е вонземјанин. Никој така не игра фудбал“, вели Ларсон.

Габриел Хајнце е долгогодишен аргентински репрезентативец, а играл и во Реал.

„Роналдо има некоја страшна внатрешна енергија што го води напред. Тој е опседнат со успех и нема да застане додека не ги исполни целите што си ги поставил пред себе. Мора да му се восхитувате на тоа. Меси, пак, е потполно необјаснив феномен, како од друг свет, а од друга страна е толку мирен и сталожен тип“, вели Хајнце.

Фернандо Гаго исто така се одлучи за Аргентинецот, за кој вели дека му нема конкуренција, а најдобар одговор даде Деко.

Поранешниот португалски репрезентативец играше со Меси во Барселона, а со Роналдо во репрезентација.

„Кристијано од раѓање е голем натпреварувач и борец, а Меси крваво работеше за да дојде до овој статус. Но, Роналдињо е роден со една шега во играта и со неверојатни решенија. Кога и да му подадевме топка, знаевме дека ќе следи нешто посебно. Нешто невидено до тогаш. Тој, без дискусија, е поталентиран играч и од Роналдо и од Меси“, рече Деко.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе