Меси ќе го продолжи договорот со Интер за следната сезона да се врати во Барса

Лионел Меси наскоро ќе го продолжи договорот со Интер Мајами, сѐ со цел да се врати во Барселона и да игра за неа следната сезона.

Најдобриот фудбалер во историјата има договор со Интер Мајами до декември 2025 година, а шпански El Nacional пренесува дека е блиску до продолжување на соработката до декември 2026 година.

Доколку Меси го продолжи договорот и тимот од Мајами игра трета сезона во МЛС лигата, би се активирала клаузулата според која американските клубови можат да позајмуваат играчи на европските клубови во периодот кога не им трае сезоната, а тоа е од ноември до крајот на февруари.

Токму поради ова правило Тјери Анри дојде на позајмица во Арсенал од Њујорк Ред Булс во јануари 2012 година.

Тоа би значело дека Интер би можел да го позајми Меси од ноември 2025 година до крајот на февруари 2026 година во Барселона, а корист ќе имаат и клубот и легендарниот Аргентинец.

Барселона повторно би го имала во своите редови најдобриот фудбалер во историјата, а Меси со настап во Ла Лига би ја задржал формата и би бил подготвен за Светското првенство кое ќе започне во јуни 2026 година во САД, Канада и Мексико.

реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Портпаролот на Путин: Западот нѐ принуди во војна, имаме еден услов за преговори

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Нова технологија ја претвора топлината од издувните гасови од авиони и автомобили во електрична енергија

Read more

Фудбал

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Read more

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Read more

Премиер лигата експресно го казни Слот

Read more

ТСЦ за 450.000 евра го купи Андреј Тодороски

Read more
 

Спорт

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Читај повеќе

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Читај повеќе

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас живее и без Дончиќ

Читај повеќе

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Читај повеќе

Премиер лигата експресно го казни Слот

Читај повеќе

ТСЦ за 450.000 евра го купи Андреј Тодороски

Читај повеќе