Меси: Ковид опоравувањето ми траеше подолго, се враќам за брзо

Аргентинската ѕвезда се огласи со повод неговото непланирано долго отсуство порази заразата со COVID-19.

Лионел Меси со објава на својот Instagram профил објасни што се случува со него и зошто многу подолго од останатите е во карантин поради ковид.

Тој нема играно фудбал од 22 декември затоа што се зарази со коронавирусот, а чумата на 21 век сѐ уште му прави проблеми.

„Добар ден! Како што знаете, имав ковид и сакам да ви се заблагодарам за сите пораки што ги добив и да ви кажам дека ми требаше подолго време за да се опоравам отколку што мислев, но веќе сум речиси опоравен и едвај чекам да се вратам назад на терен“, пишува тој.

„Деновиве тренирам за да бидам 100% подготвен, интересни предизвици доаѓаат годинава и се надевам дека многу брзо повторно ќе се видиме. Благодарам!!!“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

Не е потврдено како точно Меси се заразил, но она што се знае е дека фати корона откако се врати во татковината за празниците. Аргентинските медиуми го обвинија локалниот диџеј Фер Паласио дека го заразил Меси, а тој потоа ги негираше таквите тврдења.

Меси бил на забава организирана од локалната медиумска ѕвезда Коску, кој потоа откри дека двајца од таа забава излегле позитивни и дека сите се гушкале и бакнувале.

Меси и диџеј Фер Паласио на проблематичната забава

Поради заразата Меси мораше да го одложи враќањето во Франција и притоа ги пропушти дуелите со Ван во купот и со Лион во лигата. Нема да игра ниту утре против Брест.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе