Меси објави крај на „војната“ со Барселона: Се извинувам и ја преземам одговорноста

Лео Меси објави крај на „војната“ со Барселона. Капитенот на Барса во ексклузивно интервју за Sport ги објасни неговите постапки во текот на летниот трансфер период.

На 21 август Меси имаше состанок со новиот тренер Роналд Куман кога му соопшти дека сака да ја напушти Барселона.

Меси во договорот имаше клаузула според која може да го напушти клубот бесплатно, а Барса тврдеше дека таа истекла во јуни и дека ќе го пушти само за 700 милиони евра.

Потоа настана вистински хаос во кој беа вмешани и адвокати, но на крајот Барса победи во спорот бидејќи водството во Ла Лига пресуди во нејзина корист.

„По толку конфликти сакам конечно да ставам крај на сето тоа. Сега сите мора да бидеме обединети бидејќи тоа е единствениот начин да ги исполниме сите цели. Што се однесува до мене, ја преземам одговорноста за сите мои грешки. Ако сум згрешил тоа го направив за да биде Барселона посилна и подобра“, порача Меси.

Аргентинецот им се извини на навивачите поради траумата што им ја предизвика ова лето кога објави дека заминува од тимот.

„Им се извинувам на навивачите ако ги повредив со моите потези или со моите зборови. Но, тие мора да знаат дека тоа го направив секогаш мислејќи го најдоброто за клубот“, рече Меси.

Тагови
реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе