Меси потпишува за Саудијците, воопшто немало понуда од Барса

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси летово, по истекот на договорот,  ќе стане слободен играч, бидејќи не ја продолжи соработката со ПСЖ, а во моментов има неколку понуди на маса.

Footmercato пишува дека таткото на Меси веќе ја прифатил понудата на саудиски Ал Хилал и дека Меси од Саудијците ќе добие вртоглави 1,2 милијарди евра, што би бил најголемиот договор во историјата на фудбалот.

„Иако првиот избор на Меси е секогаш да се врати во Барселона, каталонскиот клуб не може да го доведе и тој се сврте кон Саудиска Арабија. Неговиот татко веќе ја прифатил понудата од Ал Хилал“, тврди новинарот Санти Ауна, кој пишува за Footmercato.

URL

Од друга страна, Mundo Deportivo пренесува дека меѓу понудите Меси нема ниту една од Барселона бидејќи, меѓу другото, Каталонците уште го чекаат Финансискиот план во Ла Лига.

„Меси не сака и не може повеќе да чека. Не е дека не сака да го земе предвид интересот на Барса, кој недвосмислено го изразија претседателот Лапорта, потпретседателот Јусте и тренерот Чави Ернандес“, пишува Mundo.

Да потсетиме, Барселона одамна изрази желба да го врати Меси, а од клубот потенцираат дека и играчот и неговиот татко и менаџер Хорхе Меси ги знаат условите кои клубот ги нуди за неговиот потпис.

Сепак, нема формална понуда, па лесно е можно еден од најдобрите играчи на светот на сите времиња да се смести во Саудиска Арабија.

реклама

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Read more

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Фудбал

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Read more

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Read more

И Интер добива сопственик од Блискиот Исток?

Read more

Невидена доминација на Интер над Милан во 2023 година

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Читај повеќе

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Читај повеќе

Дрес од МЗТ за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Читај повеќе

И Интер добива сопственик од Блискиот Исток?

Читај повеќе

Хамилтон пред Јапонското ГП: Се надевам Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите

Читај повеќе

Невидена доминација на Интер над Милан во 2023 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Онана направи нов кикс, па се извини: Јас сум крив што загубивме од Баерн

Читај повеќе

Дембеле синоќа постави срамен рекорд во Лигата на шампионите

Читај повеќе

Зад голот на голманот на Лацио се крие интересна приказна

Читај повеќе