Меси проговори за неговата ситуација во Барселона

Дали ја игра последната сезона во каталонскиот дрес или не, премногу шпекулации се вртат околу Аргентинецот. Сега, тој ја смири јавноста.

Во интервју за шпанскиот ТВ канал laSexta тој ги објасни причините за неговата разочараност изминатово лето кога дури и побара да биде пуштен да си оди во друг клуб. Но, додаде и дека сега ситуацијата е далеку посмирена во однос на неговото останување.

„Вистината е дека денес се чувствувам добро. Навистина имав многу лош период летоска. Тоа беше поради нешто што се случи претходно, пред летото. Потоа, поради начинот на кој заврши сезоната, па бурофаксот и така... Сето тоа го влечев и на почетокот од оваа сезона“, објасни Меси.

„Но, денес сум добро и сум спремен сериозно да се борам за сѐ што е пред нас. Возбуден сум. Јасно ми е дека клубот минува низ тежок период, како на клупско ниво така и поради сѐ околу Барселона. Но, јас сум подготвен“, заврши тој.

Демотивираноста кај Меси се одрази и врз неговата игра сезонава. Досега има постигнато само 6 голови во Ла Лига од кои два од белата точка, а во саботата и промаши пенал, но потоа постигна гол на одбиената топка. Во Лигата на шампионите постигна 4 голови, но дури 3 од пенал.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе