Секогаш добро информираниот каталонски новинар Жерард Ромеро, кој е и најпознатиот инсајдер на Барселона, тврди дека Лионел Меси нема да го продолжи договорот со ПСЖ.

Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот од оваа сезона, а парижаните сакаат да го продолжат договорот со својата ѕвезда на најмалку уште една година, но сѐ уште не е договорена висината на платата што Меси треба да ја добива во тој период.
Сепак, како што Ромеро објави на Twitter, Меси се предомислил и нема намера да го продолжи договорот со ПСЖ, иако продолжувањето на соработката изгледаше како формалност.
Ромеро тврди дека Меси се предомислил по победата на Мундијалот во Катар, а иако деталите не се прецизираат, се чини дека односот се нарушил откако ПСЖ не се согласил да му приреди посебен пречек на Меси на „Паркот на принцовите“ по повод освојувањето на титулата светски шампион
Малку порано беше објавено дека саудискиот клуб Ал Хилал е подготвен на Меси да му понуди најмалку 300 милиони евра годишно за да го намами да го облече неговиот дрес.
Аргентинецот на маса има понуда за тригодишен договор од Саудиска Арабија, со што практично во тој период би станал милијардер, а претходно беше споменато и неговото враќање во Барселона, што очигледно би можело повторно да се актуелизира.