Меси со 100. европски гол, Челси и Рома се надигруваа

Лионел Меси стигна до стотиот гол во европските натпреварувања, а на трибините на „Ноу Камп“ тимот побара „дијалог и почитување“ по бурните настани околу каталонската независност.

Аргентинецот, кој сам ја однесе Аргентина на СП со хет-трик на гостувањето кај Еквадор, оваа сезона за Барселона има одиграно 11 натпревари во кои постигна 14 гола и имаше две асистенции.

Челси и Рома го одиграа најинтересниот натпревар во Лигата на шампионите откако ги почестија гледачите со шест гола и со многу пресврти, додека моќни победи остварија Баерн со старо-новиот тренер Јуп Хајнкес, Барселона и ПСЖ.

Челси имаше убедливо водство од 2:0 со одличните голови на Давид Луиз и Еден Азар, пред Александар Коларов и Един Џеко да направат целосен пресврт за „волчицата“. Џеко со два одлични гола ги донесе Рома до изненадувачко водство, пред Азар со вториот гол да ја покаже својата вредност во тимот на Антонио Конте.

За парижани проработе напаѓачкиот квалитет, откако Килијан Мбапе, Единсон Кавани, Нејмар и Анхел ди Марија им донесоа на ПСЖ победа од 4:0 на гостувањето кај Андерлехт. Во Б-групата, Баерн, лесно со 3:0 го совлада шкотскиот шампион Селтик,  за прва европска победа оваа сезона под водство на „вечниот“ Јуп Хајнкес.

Одличниот трик-удар на Маркус Рашфорд беше доволен Манчестер јунајтед да си замине со три поени од португалското гостување кај Бенфика, додека Базел покажа дека е многу сериозна екипа кога се работи за европските натпреварувања со победа од 0:2 над ЦСКА во студената Москва.

ГРУПА А

Бенфика – Манчестер јунајтед 0:1

ЦСКА Москва – Базел 0:2

ГРУПА Б

Андерлехт – ПСЖ 0:3

Баерн – Селтик 3:0

ГРУПА Ц

Карабах – Атлетико М. 0:0

Челси – Рома 3:3

ГРУПА Д

Барселона – Олимпијакос 3:1

Јувентус – Спортинг 2:1

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе