Метеор експлодира и го осветли небото над Мелбурн
Во Мелбурн, Австралија во неделата е снимена експлозија на метеор, а снимките набргу се раширија на социјалните мрежи.
Според BBC, метеорот е снимен на Денот на вљубените, кога и спектакуларно експлодира и го осветли ноќното небо над австралискиот град кој во моментов е во петдневен локдаун.
Според многумина, овој настан е романтичен особено затоа што се случи на Денот на вљубените, 14 февруари.