Камен метеор од 100 килограми го проби звучниот ѕид кога прелета над град во сојузната американска држава Мисури со брзина од 53.910 км/ч.
НАСА соопшти дека метеорот кој светна на небото над Сент Луис се одвоил од појасот астероиди меѓу Марс и Јупитер и стигнал до Земјата.
Иако е тежок околу 100 килограми, бил со големина на кошаркарска топка, велат астрономите.
Локалните медиуми објавија дека на експертите им помогнале пријавите на очевидци од Јужна Дакота и Минесота, како и два видеозаписи за да го реконструираат движењето на метеорот.
Тие утврдиле дека во понеделникот вечерта камениот метеор летал со брзина од 53.910 километри на час со што предизвикал силен звук налик експлозија – што е пробивање на звучниот ѕид.
НАСА со помош на снимки од сателити измери дека метеорот како огнена топка на небото бил посјаен од најсјаното небесно тело на ноќното небо, планетата Венера.
Бил Коук од Канцеларијата на НАСА за метероидни појави во Хантсвил, Алабама изјави дека метеорот се распаднал на парчиња на 19,3 километри над површината на Земјата.