Вести

Method-2, џиновски робот инспириран од научно-фантастични филмови

4. јануари 2017 - 10:48 | Б.С.Б.

По многу години работа во научно-фантастичните филмови како Transformers, Robocop и Terminator, дизајнерот Виталиј Булгаров го претстави џиновскиот робот „Method-2“, за кој тврди дека е реален проект на кој работел со лабораторијата Gunpo од Северна Кореја.

Станува збор за џиновска роботска конструкција висока 4 метри и тешка 1,5 тони на која работеле повеќе од 30 инженери. Компанијата тврди дека ова е прв ваков робот изграден да им помогне на луѓето да имаат пристап на опасни, екстремни и злогласни области каде мораат да носат заштита.

Во џиновскиот робот може да влезе еден човек кој ќе ги контролира движењата на конструкцијата.

Но, има и такви кои мислат дека Булгаров е измамник и дека компанијата што се занимава со изградба на роботи не постои. Тој ги демантира тие мислења, велејќи дека видео снимките на интернет немаат визуелни ефекти.

Loading the player...

 

Коментирај