МФ: Одлични резултати на #МојаНаграда, бројот на дневно скенирани сметки удвоен

Првите два месеца од приредувањето, наградната игра #МојДДВ #МојаНаграда дава одлични резултати. Доделени се 640 награди во вкупен износ од 9,1 милиони денари. Во играта уествуваат 190 илјади корисници, а дневниот просек на скенирани сметки пред и после почетокот на #МојаНаграда е удвоен, соопшти денеска Министерството за финансии (МФ).

Во просек, од пуштањето во употреба на МојДДВ апликацијата до 15 декември – почетокот на наградната игра, просечниот број на дневно скенирани сметки изнесувал 266 илјади сметки. По отпочнувањето на наградната игра, односно од 15 декември до 12 февруари дневниот просек се удвојува и изнесува 518 илјади сметки. Бројот на дневно скенирани сметки продолжува да расте и во првата половина од февруари и изнесува над 600.000 во просек дневно.

Според Министерството, дури третина од корисниците на #МојаНаграда во периодот од 15 декември до 15 февруари скенирале меѓу 101 и 200 сметки, додека околу 20 отсто скенирале од 201 до 4000 сметки.

-Ако пред наградната игра наплатениот ДДВ од скенирани сметки изнесувал 14,3 милиони денари дневно, сега тој е зголемен на 25,3 милиони денари дневно, или за раст од 77 отсто. Во текот на овие два месеци доделени се 610 дневни награди и тоа 244 награди од по 1.000 денари, 183 награди од по 2.000 и 183 награди од по 3.000 денари. Доделени се 30 награди од по 100.000 денари. До крајот на играта остануваат да се доделат уште 3.212 награди, од кои и две премии од по 3.000.000 денари. Првата премија ќе се извлекува на 18 март, наведува МФ.

Потсетува и дека министерката за финансии Нина Ангеловска, во повеќе наврати има посочно дека #МојаНаграда e надградување на успешната мерка МојДДВ за сузбивање на сивата економија и поттикнување на граѓаните да земаат фискална сметка.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more
 

Вести

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе