Мицкоски бара електронски попис или одложување за пролет, 2022 година

„Формално ја отпочнуваме иницијативата со која ќе побараме да укинат Законот за попис што беше донесен без консензус и без елементарно почитување на здравјето на граѓаните во услови на тешка пандемија“, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Нагласи дека голем број држави од регионот како што се Бугарија, Србија, Хрватска, Романија и Сојузна Република Германија се одлучија да го одложат пописот за есента или пролетта 2022 година, водејќи сметка и грижејќи се за здравјето на граѓаните.

„Македонија е закована убедливо на дното или на врвот, по бројот на лицата кои што се инфицирани и по бројот на луѓето кои што за жал го загубија животот поради неспособноста на власта за справување со COVID-19. Бидејќи кај нас пописот е невозможно да се случи есента 2021 година поради локалните избори и кампањата која што тогаш ќе се случува, апелираме до Владата и до Собранието на разум, да се грижат за здравјето на граѓаните и да го одложат пописот за пролета 2022 година“, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека ништо нема да промени доколку пописот биде одложен за неколку месеци.

„Гледаме дека воопшто не се ни направени пописните тимови, ниту, пак, обучувачите на пописните тимови, а имајќи ги предвид пандемиските услови во кои се наоѓа државата невозможно е да бидат обучени а притоа да биде заштитено нивното здравје. Немаме вакцини со што би ги заштитиле тие луѓе, слушаме дека првите вакцини евентуално би пристигнале во државата во скромна количина некаде на почетокот на март“, посочи Мицкоски.

Апелираме, нагласи од Владата и до надлежните во Парламентот да го прифатат предлогот на опозицијата за електронски попис.

„Не го изложувајте здравјето на граѓаните. Не бевте способни да донесете вакцини за тие кои што сакаат да го заштитат здравјето вакцинирајќи се, да им го овозможите тоа, овој пат барем направете електронски попис. Здравјето на граѓаните и човечките животи немаат цена. Оставете ја оваа статистичка операција за пролета 2022 година или охрабрете се и направите електронски попис по теркот на државите од Европската Унија. Тоа ќе значи дека граѓаните ќе имаат доверба во таа статистичка операција, нема да зависиме од политичкиот двоен потпис и на крајот на денот ќе можеме пристојно да си ја развиваме нашата Македонија“, потенцира Мицкоски. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Македонија

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more
 

Вести

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе