Мицкоски бара истрага за обвинителите во СЈО, предлага нов закон за ЈО

Скопје, 26 јули 2019 (МИА) – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска побара детална истрага за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и за нејзината релација со двајцата обвинети во случајот „Рекет“.

Мицкоски на прес-конференцијата во седиштето на партијата побара и детална истрага за директна или индиректна поврзаност на останатите обвинители, но и со псевдонимите за кои, како што наведе, јавноста има сознанија дека се дел од врхушката на СДСМ.

Најави дека ќе изработат сопствено законско решение за јавното обвинителство кое, како што рече, ќе се темели на вистинските темели и бескомпромисна битка против криминалот и корупцијата.

Осврнувајќи се на Законот за јавно обвинителство, Мицкоски рече дека со предлогот на СДСМ, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева треба да биде унапредена во републички јавен обвинител, а останатите обвинители од Специјалното јавно обвинителство да бидат преземени од новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција што треба да се формира.

Ова, рече Мицковски, е грубо кршење на Законот за СЈО кој предвидува овие обвинители по завршувањето на мандатот да се вратат во матичните обвинителства.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е овие обвинители по престанокот на мандатот да се вратат во матичните обвинителства.

Во однос на предметите на СЈО, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е сите предмети до 30.06 2017 година, наместо да бидат преземени од новото обвинителство, да бидат преземени од државниот јавен обвинител и прераспредени онаму каде овие дела припаѓаат.

ВМРО-ДПМНЕ предлага и финансиска незавиност на целокупното државно обвинителство. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе