Мицкоски: Би било неодговорно наесен да има предвремени избори, февруари е последната можност

Втората половина на јануари и првата половина на февруари е последната можност за предвремени избори, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, посочувајќи дека би било неодговорно наесен да има предвремени избори, да се трошат десетина милиони евра во услови на криза, за потоа да има претседателски избори во март и во април.

– Би било неодговорно така да се постапува. Затоа ценам дека ова е последниот момент, рече денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања во Општина Кисела Вода.

Според Мицкоски, неодговорно е повеќе оваа Влада да продолжи да функционира.

– Сѐ погласно е незадоволството во рамките на пратеничките групи на партиите коишто ја поддржуваат оваа Влада. Тука пред сѐ мислам на ДУИ и на СДСМ бидејќи гледаат како државата тоне, назадува, нема реформи, нема резултати, неспособни криминални политичари ја водат таа Влада и охрабрен од тие сигнали што ги добивам од пратеничките групи на СДСМ и ДУИ, мислам дека оваа година ќе се најдат 61 пратеник коишто ќе го распуштат овој Парламент, рече Мицкоски.

Ќе одиме на предвремени парламентарни избори, нагласи тој.

– И потоа ќе дојде една влада која што ќе биде избрана од народот, народна влада, а не избрана во тесен круг на луѓе или премиер избран од тесен круг на луѓе, која што ќе работи за интересите на народот и на државата, а не за личите или партиските интереси. Така што, охрабрен од овие сигнали мислам дека имаме голема шанса тие два датума 14 или 21 мај да бидат изборни датуми и да видиме на крајот на денот ако навистина верува во тоа што го зборува Владата на ДУИ и СДСМ дека добро работат, дека се навистина успешни ќе можеме тоа да го провериме на избори, така? Народот да си каже, народот е суверен на државава. Не се функционерите на ДУИ поддржани од СДСМ суверени во оваа држава, рече тој.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе