Мицкоски: Цената на евтината тарифа се зголемува повеќе од двапати

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ реагираше на веста за поевтинување на струјата од 1 јануари, изјавувајќи дека Владата ја поскапува струјата,  односно цената на евтината тарифа се зголемува повеќе од двапати.

„Евтината тарифа од 0,6 денари се зголемува на 1,3 денари, повеќе од двапати, тоа го заборавија да го кажат. И сега кога ќе си пресмета секој еден граѓанин колку киловат часови троши во евтина, а колку во еден од блоковите, ќе видите дека сметката со додадените плус 5 проценти данок на додадена вредност ќе биде најмалку 20 отсто поголема. Но, тоа од први јануари ќе го видат сите граѓани и ќе го доживеат“, вака одговори на новинарско прашање претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денес беше на отворање на градинка во населба Усје.

Мицкоски додаде дека тоа е така бидејќи во 2021 и 2022 година од државниот буџет сите граѓани префрлиле на АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, повеќе од 265 милиони евра.

-А, само во 2022 година заклучно ноември, без декември се префрлени 180 милиони евра. А, со декември ќе бидат повеќе од 200 милиони евра. И како одат тие пари? Од државниот буџет се префрлаат во ЕСМ, а ЕСМ распишува тендер за ископ, се уценуваат компании да не се пријавуваат на тој тендер за ископ и поради итност се потпишува договор во четири очи. Истото тоа се прави и со мазутот, истото тоа се прави и со увезениот јаглен односно транспортот и истото тоа се прави со авансното плаќање на фактурите за увезена струја, додаде тој.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека од тие 200 милиони, проценките се дека најмалку 30 милиони се крадат. Мицкоски ги повика сите оние кои што се повикуваат на борба против криминалот и корупцијата „да отидат и да ги отворат документите и ќе увидат каде е криминалот“.

Мицкоски, околу увозот за струја, рече дека за месец и половина почнувајќи од 7-ми или 10-ти ноември до крајот на 2022 година се повеќе од 45 милиони евра.

-Цело време ги слушаме како кажуваат дека произведуваат, дека задоволени се потребите, готово нема увоз итн. А, еве јас ви тврдам, нека ме демантираат дека само за само еден и половина месец се потрошени од страна на АД ЕСМ повеќе од 45 милиони евра, рече тој.

Според него, „не се пресметани трошоците за cross border капацитетите и доколку ги пресметате и тие, ќе добиете некаде околу 600 илјади евра разлика, не 800 илјади, што е повторно прилично имајќи предвид дека 2 милиони е целата зделка“.

– Значи 30 проценти имате профит, што е нешто неверојатно. Тоа авансно се плаќа. Ете така се краде Македонија. И секој кој што ќе каже борба против корупција, еве веднаш ви кажувам пример“, одговори Мицкоски на прашањето како ја коментира набавната цена на струјата за 40% поголема од пазарната.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе