Мицкоски до власта: Единствен начин да се спасите од мене е да не се разбудам утре

Скопје, 6 март 2021 (МИА) – Денеска ги видовме со сета своја немоќ како на отворена сцена се обидуваат византиски убедени од своите лакеи (поранешни високи функционери на опозицијата) како се препелкаат нудејќи поделба на власта ама јас да не сум бил дел од неа бидејќи со мене немало договор, не сум бил добар соговорник. И тука да, првпат се согласувам со Зоран Заев, јас немам концесија и не должам никому ништо, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Facebook профил по изјавата на премиерот Зоран Заев дека сака да отвори дебата за заедничка власт на Владата со опозицијата.

Тој нагласува дека единствено му должи на неговиот народ, на Македонците, на граѓаните на Македонија, на пратеничката група од коалицијата За обнова на Македонија, ИК, ЦК, општинските комитети, месните комитети, униите на ветерани, млади, жени, на активистите, симпатизерите што покажале единство, цврстина, борба, жар, карактер, пркос, инает и пред сѐ желба и оти ќе направи сѐ ним да им се оддолжи.

-Имам порака до вас, господа од власта, заедно со вашите лакеи, за мене денес е исклучително тежок ден. Пеколно тежок ден бил деветтиот најтешкиот, се борам со болеста, тешко дишам, а главата ми пука од температура, но имам јас енергија, мотив и волја и за борба со вас. Ова го пишувам од собата во инфективната клиника со сиот револт во себе што ѝ направивте на Македонија. Има начин да се спасите од мене, да не се разбудам утре или денот потоа и тогаш можеби ќе ви биде полесно да пронајдете соодветен соговорник. Но, тој филм нема да го гледате и ви ветувам дека ќе се изборам со болеста, ќе излезам од инфективна, а потоа не чека многу работа…, Сметот мора да се измете, ама најпрвин од сопствениот двор!, пишува Мицкоски.

Тој додава дека ако власта „мисли дека има најмали шанси за пакт со криминал и криминалци, тоа нема да се случи“.

-Ќе бидете победени, тоа ви го ветувам. Македонската пролет доаѓа!, пишува Мицкоски на својот Facebook профил.

реклама

Македонија

Дневен ковид-биланс: 489 новозаразени и 33 починати

Read more

Заев ќе побара разрешување на Пауновски

Read more

Заев: Груевски да си дојде дома, оттука да коментира ако има што да каже

Read more

Се намалува бројот на нови случаи и бројот на прегледи во ковид-центрите

Read more
 

Вести

Од 1 мај влез во Бугарија во согласност со одредени барања поврзани со COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Папа Франциск: Светот е на пат кон самоуништување

Читај повеќе

Путин ја затвора Русија на 10 дена

Читај повеќе

Дневен ковид-биланс: 489 новозаразени и 33 починати

Читај повеќе

Заев ќе побара разрешување на Пауновски

Читај повеќе

Притвор за 3 лица од Струмица осомничени за грабнување и силување

Читај повеќе

Заев: Груевски да си дојде дома, оттука да коментира ако има што да каже

Читај повеќе

Бајден со признавање на геноцидот врз Ерменците ќе ги наруши односите со Турција

Читај повеќе

Русија почна со повлекување на трупите и опремата од Крим

Читај повеќе