Мицкоски е новиот премиер: Ќе ја кажам срамната придавка

Со 77 гласови „за“, 22 гласови „против“ и без воздржани беше изгласана новата Влада.

Христијан Мицкоски е 13-ти премиер, а ова е 20-та влада од осамостојувањето на Македонија. Во Владата ќе има 23 министри, а од нив пет ќе бидат и вицепремиери.

Мицкоски во заклетвата го користеше уставното име Република Северна Македонија, претходно појаснувајќи дека придавката Северна за него е срамна, но во моментов е немоќен.

„Ќе ја кажам срамната придавка пред заклетвата затоа што тоа мене лично ме потсетува на срамот што ѝ го нанесовте на мојата татковина, на моето семејство и моите неродени внуци и на тие по нив. И да ќе правам сè додека сум жив политички и како човек, сè што е во моја моќ оваа неправда да ја исправам, за жал во овој момент сум немоќен и во овој момент и јас како човек ќе морам да капитулирам пред вас и да ја кажам таа срамна придавка затоа што таа за жал е дел од законот и Уставот што морам како претседател на владата да ги почитувам“, рече Мицкоски.

Новиот премиер рече и дека нема да прифати уставни измени под бугарски диктат.

Министрите на ВМРО ДПМНЕ:

Владо Мисајловски, министер за одбрана

Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и трговија

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи

Александар Николовски, министер за транспорт – вицепремиер

Иван Стоилковиќ, министер за односи меѓу заедниците – вицепремиер

Гордана Димитриеска Кочовска, министер за финансии

Сања Божиновска, министер за енергетика

Цветан Трипуновски, министер за земјоделство

Весна Јаневска, министер за образование и наука

Златко Перински, министер за локална самоуправа

Зоран Љутков, министер за култура и туризам

Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација

Борко Ристовски, министер за спорт

Лупчо Димовски, вицепремиер за политички систем

Шабан Салиу, министер без ресор, за спроведување на декадата на Ромите

Министрите на коалицијата „Влен“

Изет Меџити, прв вицепремиер, министер за екологија

Арбен Таравари, министер за здравство

Бесар Дурмиши, министер за социјална политика, демографија и млади

Фатмир Лимани, министер за економија и труд.

Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење

Орхан Муртезани, министер за евроинтеграции

Министрите на „ЗНАМ“

Игор Филков, министер за правда

Горан Минчев, министер за администрација.

реклама

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Read more

Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

Read more

Како честото консумирање индиски ореви влијае на телото?

Read more

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: Ова е изневерување и предавство

Read more

Македонија

Општина Аеродром започна со бесплатен скрининг на тироидна жлезда кај деветтоодделенците

Read more

Центар и Аеродром денеска без струја

Read more

Променливо облачно време со повремен локален снег претежно во планинските региони

Read more

СДСМ: Го поддржавме законот за патните трошоци, потребни се казни за злоупотреби

Read more
 

Вести

Општина Аеродром започна со бесплатен скрининг на тироидна жлезда кај деветтоодделенците

Читај повеќе

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: Ова е изневерување и предавство

Читај повеќе

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Читај повеќе

Центар и Аеродром денеска без струја

Читај повеќе

Променливо облачно време со повремен локален снег претежно во планинските региони

Читај повеќе

Свечено доделување на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 година

Читај повеќе

Доживотен затвор за Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници, меѓу нив и малолетничка

Читај повеќе

Потврдено: Во Украина убиен првиот платеник Швајцарец

Читај повеќе