Мицкоски го поддржа антифашистичкиот протест на Левица во Охрид

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека го поддржува протестот што утре е планиран во Охрид против отворањето на бугарскиот културен клуб именуван „Цар Борис III“. Повика масовно да се излезе на протест, но тој да биде мирен, демократски и без инциденти за, како што рече, „да не им се даде алиби на тие коишто се причината денес Македонија да биде во оваа ситуација“.

– Протестот е демократско право и треба да се протестира, но повикувам тој да биде мирен за да не дозволиме повторно да печалат на ваквите настани оние кои ја втурнаа Македонија во оваа ситуација, тоа е коалицијата СДСМ и ДУИ. Повикувам масовно граѓаните да излезат и да го поддржат протестот, но истовремено апелирам тој протест да биде мирен и демократски и да не дозволиме каков било инцидент да ја дефокусира јавноста од реалните проблеми, а тоа се инфлацијата, криминалот, корупцијата, енергетската, финансиската криза и уште многу други проблеми со кои Македонија денес се соочува, изјави Мицкоски по поставување камен-темелник за изградба на градинка во Општина Бутел.

Протестот е во организација на охридскиот огранок на Левица која под мотото „Не за бугарскиот Хитлер!“ ги повика Охриѓани утре од 11:30 часот на ул. „Македонски Просветители“ пред ТЦ Амам масовно да излезат и да го искажат својот антифашистички порив.

„Сплотени против империјализмот и антимакедонизмот, да го искажеме народниот револт. Смрт за фашизмот, слобода на народот!“, стои во повикот на Левица.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more
 

Вести

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе