Мицкоски: Ќе ја уриваме Владата сѐ до предвремени избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање што ќе прави партијата по пропаднатата иницијатива за одржување референдум против Договорот за Бугарија, рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја урива оваа Влада сѐ до организирање предвремени парламентарни избори.

За тоа дали опозициската партија ќе ја поддржи иницијативата на Левица, рече дека „играта на поднесување иницијативи можеме да ја играме до бескрај“, но дека е направен преседан со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за што претседателот на Собранието еден ден ќе одговара.

-Но, видовте ние поднесовме иницијатива која е согласно законот и Уставот. Еден човек во Парламентот се става над сите закони и над Уставот и креира преседан. Тој преседан многу скоро од денеска ќе стане пракса, а за да не стане пракса треба тој што го креирал тој преседан да одговара. И ќе одговара еден ден, бидејќи тој нема да биде вечно на тоа место, неговата партија нема да мести судии и обвинители, ќе биде многу скоро во опозиција и за неговите постапки тој човек ќе одговара, рече Мицкоски.

Првиот човек на опозициската партија го повтори барањето на неговата партија за оставка на премиерот Димитар Ковачевски.

-Во најмала рака Ковачевски треба да каже дека дезертирал и да се повлече од челното место во Владата. Во јавноста се појавија две контрадикторни тврдења од страна на Ковачевски а тоа е дека како оправдание го користеше своето образование, го завршил факултетот па се запишал на постдипломски студии, па потоа веќе отслужувањето не било задолжително, за неколку месеци подоцна, осум месеци, даде изјава дека имал медицински пречки и дека поради тие хируршки интервенции не можел да присуствува, рече Мицкоски.

Ковачевски, рече тој, може да ја извртува вистината во СДСМ и помеѓу колегите во Владата, но факт е дека дезертирал.

-Јас сум три години помлад од него и јас магистрирав и се пријавив доброволно во 2003 и во 2004 година и го отслужував својот воен рок во гардискиот баталјон, рече Мицковски, кој денес беше во посета на Велес. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе