Мицкоски ќе прифати минимална плата од 450 евра ако се усогласат работодавачите и работниците

Владата ќе го прифати се она што меѓусебе ќе го договорат работодавачите и работниците, рече попладнево премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека седницата на Економско-социјалниот совет е во тек и додека тој ја следел, на дневен ред не стигнала точната за зголемување на минималната плата на 450 евра.

„Работодавачите и работниците треба да се усогласат за минималната плата. Седницата сѐ уште трае. Ние како Влада сме во една позиција поразлична и од едната и од другата страна. Условно, ако гледаме од аспект на централниот буџет, колку е поголема минималната плата толку поголеми приходи ќе има Буџетот, но ние не сакаме да се мешаме. Ќе ги оставиме тие две страни, и работниците и работодавачите тие да се усогласат што е тоа кое што можат и едните и другите да го прифатат. Ние сме во случајот страна која е тука да фацилитира, а не да одлучува. Сето она што тие меѓусебе ќе го договорат ние како Влада, како страна ќе го прифатиме“, рече премиерот Мицкоски.

Во буџетот за следната година се предвидени пари за усогласувања на платите, но премиерот Мицкоски вели дека доколку денес се донесе одлука за зголемување на минималната плата, средства ќе се обезбедат преку ребаланс на буџетот.

„Во буџетот се предвидени усогласувањата, но секогаш има ребаланс на буџетот така што од страна на Владата не е проблем. Ние ќе имаме приходи. Зголемувањето на минималната плата ќе биде на товар на работодавачите, тие ќе треба повеќе да уплатат во буџетот. Да речеме ако минималната плата била 100 парички, 40% од тоа, по разни основи, влегува во Буџетот. Ако биде 120, 40% од 120 ќе влегуваат во Буџетот. Државата профитира од тоа. Проблемот е кај работодавачите, дали тие како економија можат тоа да си го дозволат, дали можат да го направат и дали можеби потоа ќе има други трикови како пола-пола, еве ти вака па ти пола на рака, тоа е веќе друга тема“, појасни премиерот Мицкоски.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, пред да влезе на денешната седница на Економско-социјалниот совет рече дека во буџетот за следната година, кој е во собраниска процедура, има пари за раст на платите, вклучително и на минималната плата за која тие бараат да порасне на 450 евра.

Remote video URL
реклама

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Трамп веќе работи на закажување разговор со Путин

Read more

Македонија

Без струја делови од Аеродром и Сарај

Read more

Претпладне студено со магла, преку денот променливо облачно

Read more

Во сообраќајка кај Сарај повредени се четири лица

Read more

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пожар во дом за стари лица во Србија, 8 загинати, неколку повредени

Читај повеќе

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Читај повеќе

Околу 70 милиони Американци предупредени за невреме: инаугурацијата на Трамп преместена во Капитол

Читај повеќе
  • filter

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Читај повеќе

Трамп веќе работи на закажување разговор со Путин

Читај повеќе

Без струја делови од Аеродром и Сарај

Читај повеќе

Претпладне студено со магла, преку денот променливо облачно

Читај повеќе

Трамп планира да почне масовна депортација на мигранти во Чикаго

Читај повеќе

Хрватски министер поднесе оставка откако се појави видео како пука од автомобил

Читај повеќе