Мицкоски: Непријатно е во вакви услови да се зборува за избори

Од власта да престанат да лицитираат датуми за избори затоа што приоритет број еден е здравјето на граѓание и заштитата на стандардот и ништо друго. Мора да се носат одлуки, кои нема да бидат под импресија на тесногради интереси, туку како последица на разум и мудрост, рече денеска на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Прашан за изборите, Мицкоски рече дека непријатно е да се зборува за датум за избори во услови кога во земјава има рекорден број на новозаболени, почетотоци на втор бран од коронавирусот и на дневна основа има по неколку мртви. Додаде дека мора да научиме да живееме со овој вирус, но, како што рече, кога на дневна основа ќе имаме само по неколку заразени и без смртни случаи. Тој рече дека ќе стори сѐ, како политичар, граѓанин и професор да се бори и да се справи на најдобар можен начин со оваа пандемија што нѐ зафати.

Смета дека има несериозни луѓе во Владата за, како што рече, да се справат со сето ова што нѐ зафати изминатите месеци.

– ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори кога и да се случат тие. Математиките, диктатот и исполнувањето на желбите на Заев преку Спасовски се надвор од фокусот на вниманието на ВМРО-ДПМНЕ и во овој момент се чувствувам непријатно за да зборувам за било каков датум за одржување избори кога сѐ уште броиме мртви и новоинфицирани на дневна основа, рече Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека очекува откако ќе се донесе одлуката за вонредна состојба дека ќе има брифинзи каде ќе се вели дека изборите ќе бидат на 5 јули.

– Тоа значи дека таман се направени овие 14 дена за да тие се повикаат на тие 22 дена кои што викаат дека се доволни според ДИК и да речат еве на 5 јули ќе имаме избори, рече Мицкоски. Место да се зборува за мерките, сега, како што рече, ќе се занимаваме со тоа ВМРО-ДПМНЕ бегало од избори, а СДСМ бил тој кој ќе оди на 5 јули на избори.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека ако има нова лидерска средба би учествувал за да разговара за иднината на државата и за здравјето на граѓаните.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе