Мицкоски: Ниедна регионална иницијатива не е замена за полноправното членство во ЕУ

Немаме информации за суштината на иницијативата Отворен Балкан, но сметаме дека таа никако не смее и не треба да биде замена за полноправно членство на земјата во ЕУ, истакна денеска во Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Секоја регионална иницијатива која што значи подобрување на квалитетот на животот, на стандардот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија е тука да ја поддржи. Дали е оваа таква иницијатива, не знаеме, бидејќи досега немаме буквално никакви информации. Ниту пак мислам дека јавноста знае нешто поврзано со оваа иницијатива, изјави Мицкоски во Охрид, каде заедно со охридскиот градоначалник Кирил Пецаков извршија увид на градежни активности на улицата „Ѓорче Петров“.

Сепак, според него, останува нејасно како ќе функционира оваа иницијатива кога две од државите членки на оваа иницијатива имаат спор.

– Мислам дека денеска тука во Охрид се случуваат разговори поврзани со тој спор, а тоа е косовското прашање. Така што има многу работи кои што јавноста не ги знае, кои што се поврзани со оваа иницијатива Отворен Балкан. Но, тоа никако не смее да биде и не треба да биде замена за полноправно членство на Македонија во рамките на ЕУ, додаде Мицкоски.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Македонија

Ковачевски: Обврска на сите е да го продолжиме патот на државата кон ЕУ

Read more

МВР: Спречено организирано бегство од Идризово, откриен 40-метарски тунел

Read more

Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 30 март

Read more

Во затворот Идризово откриен тунел за бегство

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Ковачевски: Обврска на сите е да го продолжиме патот на државата кон ЕУ

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Спречено организирано бегство од Идризово, откриен 40-метарски тунел

Читај повеќе

Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 30 март

Читај повеќе

Во затворот Идризово откриен тунел за бегство

Читај повеќе

На скопскиот аеродром запленети над 43 килограми златен накит

Читај повеќе

Секс скандалот му се удри од глава: Дали Доналд Трамп ќе биде уапсен денеска?

Читај повеќе

Вучиќ: Сѐ што кажав ќе спроведеме, а за признавање и членство во ОН или телата на ОН нема ни збор

Читај повеќе
  • play_arrow

Русите се пофалија дека пресретнале американски бомбардери над Балтичко Море

Читај повеќе

Шефот на Вагнер му пиша на Шојгу: Ве предупредувам дека Украина подготвува жесток напад

Читај повеќе