Мицкоски: Очекувам ДУИ барем еднаш да застане зад интересот на нивните сограѓани

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека очекува ДУИ да застане зад интересот на своите сограѓани и да ја поддржи резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во преговорите со Бугарија.

– Очекувам ДУИ да ги надмине своите милитантни однесувања и барем еднаш да застане зад интересот на нивните сограѓани Македонците како мнозинска заедница. Вистински да застане зад новата агенда што ја најави, а тоа е зелената агенда, и наместо химната, знамето и грубото кршење на Уставот од страна на Талат Џафери, да имаме навистина еден вистински државнички и братски однос во државава. И наместо да ги гледаме нашите лични интереси и интересите на соседите од другите држави, да ги гледаме интересите на соседите тука внатре, во нашата Македонија, тоа се интересите на мнозинскиот, македонскиот народ, рече Мицкоски во интервју за Вечер прес на прашањето дали очекува да најде заеднички јазик и обединување и со албанските партии.

Мицкоски повтори дека црвените линии на ВМРО-ДПМНЕ се содржани во Резолуцијата што ја доставија до Собранието, и оти веќе направиле консултации со парламентарните партии и од власта и од опозицијата.

– Го поздравувам тоа што и СДСМ одлучи да ја поддржи Резолуцијата, бидејќи и во минатото, сега и во иднина, ВМРО-ДПМНЕ е столб околу кој се обединуваат македонските национални интереси и добро е што СДСМ по неколкудневни обвинувања кон мене лично, успеаја да се надраснат и да сфатат дека идентитетот нема алтернатива и да се обединат околу македонските национални интереси и носечкиот столб кога се работи за тоа прашање – а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

На прашањето дали очекува поместување во разговорите со Бугарија, тој вели дека најпрвин ќе почека да види како ќе завршат изборите таму, закажани за 11 јули.

– Да претпоставиме дека ќе бидат успешни и дека ќе има Влада и Парламент, што го очекувам некаде во втората половина на август. Имајќи предвид дека ние крајот на септември влегуваме во официјална кампања, имаме локални избори, па тие имаат претседателски избори, очекувам дури кон крајот на годината сериозна дипломатска офанзива кон официјална Софија, да ретерира од позицијата на вето и Македонија да ги почне преговорите, рече Мицкоски.

Во однос на тоа дека ја обвинува власта оти крие детали од јавноста во врска со разговорите со Бугарија, Мицкоски вели дека доколку немале што да скријат, тогаш пред посетата на Заев на Бугарија, требало сите партии да изградат консензус дома.

– Заев отиде таму без да ја информира опозицијата, сепак ВМРО-ДПМНЕ има најголема пратеничка група во Парламентот и кога има вака сложено прашање треба да има и консензус, рече Мицкоски.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Read more
 

Вести

  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Читај повеќе