Мицкоски од Брисел: Бевме понижувани многупати, не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми

Денеска до сега, до овој момент имав две значајни средби. Првата беше работниот ручек кој што го организираше старо-новата претседателка на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, на кој што беа присутни и останатите пет лидери од регионот на Западен Балкан, а потоа и средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, информира од Брисел премиерот Христијан Мицкоски.

„Она кое што можев да го кажам таму е дека мора процесот на интегрирање во рамките на Европската Унија и за нас, но и за регионот да се темели на процес каде што ќе се оценуваат постигнувањата, а не на билатерализација, односно на билатерални прашања, кои што ќе бидат одлучувачки фактор.

За жал, ние речиси две и пол децении откако го започнавме овој интеграционен процес, откако го потпишавме Договорот за асоцијација и стабилизација, сме жртви на билатерални проблеми, односно на билатерализација на претпристапниот процес. И она што таму го кажав е дека ние сега се бориме да започнеме преговори во кои што ние ќе ги зајакнеме институциите и ќе ги збогатиме капацитетите. Не зборуваме за полноправно членство во рамки на Европската Унија. Ние поради билатерални прашања, поради прашања кои што се поврзани од средниот век не можеме да се развиваме како држава за XXI, XXII век, а камо ли, пак, да зборуваме за нешто повеќе“, изјави Мицкоски.

Уште еднаш потенцирав, нагласува Мицкоски од Брисел, дека ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми.

„И за нас принципот тие се таму, вие сте надвор, ако сакате да бидете таму треба тоа да го прифатите, простете, но ние такво нешто не можеме да прифатиме. А, од друга страна ни велат дека има желба да бидеме како држава, членка во Европската Унија. Мојот одговор на таа теза е, ако има желба, тогаш има и начин. Ние сме тука да бидеме конструктивни, да останеме фокусирани на исполнување на оваа стратешка цел. Остануваме фокусирани да предлагаме решенија, и ако навистина има желба, тогаш има и начин“, вели премиерот.

Појасни дека за време на ручекот еден од присутните споменал дека се потребни жртви да се направат во овој процес на интегрирање на регионот во рамките на Европската Унија.

„Јас само потенцирав дека правење жртва можеби за нас е и добар збор и политички коректен збор, бидејќи ние бевме жртва на многу понижувања во минатото. Пожртвуваност е нешто друго. Но, ние бевме понижени многу пати. Ќе ве потсетам во името на европските вредности променивме знаме, променивме банкноти, неколку пати Устав менувавме, менувавме име, што не направивме за да покажеме дека навистина сакаме да бидеме дел од европското семејство. И некој кога ќе ми каже ама тоа е rule of unanimity или правилото на еден глас, ве молам, тоа е ултиматум“.

„Не се тие европските вредности во кои што мојата генерација се вљуби. Јас сум подготвен со секого да разговарам, колку е тоа потребно, со секој буквално да разговарам додека не најдеме вистински пат, кој што овој пат нема да биде понижувачки. Да ни дозволат да ги јакнеме институциите и да ги збогатиме нашите капацитети како држава, тоа е она што го барам. Дали е многу? Јас мислам дека не е многу“, додава Мицкоски во изјавата од Брисел.

реклама

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Македонија

Уникатното охридско кајче претставено на Меѓународниот саем за наутика во Белград

Read more

Од полноќ нови цени на горивата - поскапуваат

Read more

Во сабота по втор пат ќе се одржи еко-настан VIVAX чистка на Водно

Read more

Неколку скопски општини денеска без струја

Read more
 

Вести

Кривични пријави против двајца пензионери од МВР

Читај повеќе

Германија: Сакаме да станеме 'рбет на одбраната на Европа

Читај повеќе
  • filter

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Читај повеќе

Португалците ја објавија причината за прекинот на струја

Читај повеќе

Today It’s All About Jazz по деветти пат во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски поетски фестивал покажува колку ни е потребна поезијата

Читај повеќе

Казни до 5.000 евра: Словенија забрани ароматизирани електронски цигари

Читај повеќе

Уникатното охридско кајче претставено на Меѓународниот саем за наутика во Белград

Читај повеќе

Путин најавува четиридневно примирје за Денот на победата над фашизмот

Читај повеќе