Мицкоски: Од лидерската е јасно дека власта нема 80 гласови за уставни измени, да одиме на брзи избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повтори барањето за брзи предвремни парламентарни избори нагласувајќи дека доколку остане оваа Влада, состојбата во земјата ќе станува полоша.

-Секое друго решение значи продолжување на агонијата. Затоа што секое друго решение значи дека немаме план, значи повеќе криминал, повеќе корупција, послабо здравство, поголема катастрофа во образованието, послаба економија, повисока инфлација, и затоа ние велиме дека се потребни избори за да може Македонија и граѓаните да престанат да губат, за да може граѓаните да почнат да добиваат и затоа велиме ајде на брзи предвремени парламентарни избори да ја спасиме од агонија нашата Македонија. Тоа е суштината, затоа бараме предвремени парламентарни избори. Не постои ниту една друга причина оваа Влада да остане бидејќи гледаме дека сме најлоши во Европа, рече Мицкоски додавајќи дека колку подолго останат на власт толку полошо ќе биде.

Според него, власта нема мнозинство за уставите измени. Поминаа, додава Мицкоски, пет месеци откако власта го прифати последниот предлог и до сега ништо не смени.

-Ниту се смени расположението кај граѓаните ниту се смени поддршката за предлогот, напротив се влоши. Поголем е процентот на граѓаните кои се противат на уставни измени под тие услови кои власта ги прифати. Ние како политичка партија имаме јасен и прецизен став. Ние како коалиција исто така имаме јасен и прецизен став. И јас од името на ВМРО-ДПМНЕ, и Љупчо Димовски од СП, и Иван Стоиљковиќ од името на ДПС. Јасно и прецизно кажуваме дека нема да има промена на Уставот односно нема да има промена на Преамбулата, рече Мицкоски.

Потсети дека претседателот на Собранието кажал дека за промена на Уставот се потребни 4,5 до 5 месеци, што според Мицкоски значи дополнително губење време наместо да се посветиме на реформи. Лидерот на опозициската партија смета дека со оваа тема треба да се дефокусира јавноста.

-Јасно е дека нема мнозинство од 80 пратеника. Тоа е уште една причина повеќе да одиме на предвремени избори затоа што единствената политика на СДСМ и ДУИ во овој момент пропаѓа. Дали тие ќе го промена методот на Преспа па за уши ќе носат пратеници, па ќе се обидат со неконвенционални методи, со поткупи, со закани, со уцени, не знам и не сакам да верувам. Но имајќи ги во предвид карактеротна овие луѓе се е можно, смета Мицкоски.

Тој е убеден дека на тој начин , како што кажа, нема да успеат да убедат некои од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа реков не е ова времето на Преспа, рече Мицкоски.

Апелираше, како што рече, на разум бидејќи „политиката на насилна промена на Уставот и на Преамбулата пропаѓа“.

-Јасно беше од лидерската средба дека немаат две третини. Не треба да се плашат, треба да се соочат со народот, да излезат и да одиме заедно на предвремени избори, рече Мицкоски.

За можноста Алијанса на Албанците да влезе во Владата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека не мисли дека тоа би бил мудар потег и ја охрабрува оваа партија да продолжи да делува опозициски.

– Алијанса за Албанците ја сметам како опозциска партија. Тие имаат свои органи за одлучување и доколку одлучат дека тие треба да влезат во Владата тоа значи дека ги споделуваат сите вредности на оваа Влада, а оваа Влада реков зошто е потребно да замине и зошто се потребни предвремени избори. Лично мене ако ме прашате не мислам дека е тоа мудар потег доколку одлучат да влезат во Владата. Имаат своја структура профилирана како опозициска и има простор голем во опозицијата да се покажат и јас ги охрабрувам да продолжат, но сепак политиките на секоја политичка партија се автономни политики, рече Мицкоски.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more
 

Вести

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе