Мицкоски: Ова е масовно убиство кое некој го дозволувал за пари, за мито

На денешната заедничка прес-конференција со министерот за здравство Арбен Таравари, премиерот Христијан Мицкоски ја нарече трагедијата во Кочани „масовно убиство“.

„Дојдовме до заклучок дека во 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабареа. Па сега може да се претпоставите колку клубови работат во државата, и тоа не знаеме кои се валидни, затоа што претпоставуваме дека рокот им е изминат, така што нè очекува многу работа, затоа што е очигледно дека никој не си ја вршел работата. И сега се обидува некој под политизација да ја сокрие криминалната работа која ја правел изминатите години. Нема да има милост, кој сака нека биде, од каква сака нека биде етничка припадност и од која сака нека биде политичка партија. Ова е би рекол масовно убиство кое некој го дозволувал за пари, за мито, за корупција кое дозволувал да се случи“, рече Мицкоски.

„Да им одговорам на оние што прават полноќни прес конференции, тука нема политика, ќе одговарате сите коишто сте се дрзнале на овој начин да водите политика, на грбот на граѓаните и на животите коишто овие деца ги изгубија. И нема да има милост, од дома ќе ги вадиме. Ако мислат дека ќе се обидат на етничка карта да играат и на политиканство како што вчера се обидоа, со тие полноќни прес конференции. Од дома, за уши ќе ги вадиме!, рече Мицкоски.

За клубот „Пулс“ каде што се случи пожарот, Мицкоски рече дека низ годините речиси цело време работел без лиценца, а извадил само во 2022 и 2023 година.

За кочанскиот градоначалник кој поднесе оставка, Мицкоски тврди дека тој немал никаква одговорност, но постапил правилно со оставката. Мицкоски рече дека како што Владата досега успеала да се избори со уличната мафија, мафијата со казината, мазутот, така и ќе ја порази административната мафија.

Тој им се заблагодари на соседите и земјите кои хоспитализираа пациенти. Ги повика и сите кои биле во или околу објектот да побараат медицинска помош, бидејќи може да има ефекти по неколку дена, па состојбата треба да се следи. Се прават надчовечки работи за сите пациенти да бидат стабилни, рече Мицкоски.

Во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 лица, а 162 се повредени. Досега се уапсени 11 лица.

Изјава за медиуми (17.03.2025)

Изјава за медиуми (17.03.2025)

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, March 17, 2025
реклама

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Read more

Голем неделен хороскоп од 8 до 14 декември за сите знаци

Read more

Македонија

ГП Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез

Read more

Денеска се празнува Свети Климент Охридски

Read more

Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Read more

Променливо време и температури до 14°C

Read more
 

Вести

Kyiv Post: Русија евидентира загинати војници како „дезертери“

Читај повеќе

Зошто министерот за војна Хегсет ја „смени песната“ за Трамп?

Читај повеќе

ГП Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез

Читај повеќе

Јапонија се повлекува од нуклеарниот проект во Виетнам

Читај повеќе

Белата куќа врши притисок врз Нетанјаху

Читај повеќе

ЕУ драстично ги заострува ограничувањата за мигрантите

Читај повеќе

Скопјанка измамена за 170.000 денари со повик за лажна сообраќајка

Читај повеќе

Денеска се празнува Свети Климент Охридски

Читај повеќе
  • filter

Студенти „светнаа“ две слики на мајсторот Мартиновски

Читај повеќе