Мицкоски по средбата со Пендаровски: Не барам амнестија, туку правда

„Најдовме разбирање“, изјави лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната средба со претседателот на државата Стево Пендаровски и потенцира дека не бараат амнестија или милост, туку правда за осудените за „27 Април“.

Мицкоски појасни дека обвинение за терористичко загрозување на уставниот поредок поради непостапување е драконско и треба да ја добијат пресудата од втор степен за да имаат право на вонреден правен лек и врз основа на  новите докази што бранителите ги поседуваат, подвлече, да бараат правда од трет степен како што е Врховниот суд или пред Европскиот суд за човекови права.

Се осврна на случаите „Монструм“ и „Сопот“, кои, како што рече, поради една изјава на Зоран Заев кога бил во опозиција во која кажува дека тие не се сторители, да започне од почеток.

Тогаш, истакна Мицкоски, не гледам причина зошто „овие т.н. теористи според Кацарска и Зоран Заев врз основа на новите докази коишто ги поседуваат нивните бранители овој случај да го отпочнат отпочеток и да докажат дека не се терористи, но се луѓе кои направиле грешка, сториле прекршување на законот и ќе одговараат за тоа прекршување“.

– Она кое што е реалност, поврзана со тој случај е дека основното човеково и уставно загарантирано право на жалба и второстепена судска одлука на лицата коишто се осудени поради настаните од 27 април, во моментот е завршена, и за жал најголемиот дел од нив се уште ја немаат таа одлука добиено, за да можат понатаму да ја искористат вонредната, вонреден правен лек, односно да можат понатаму врз основа на новите докази, коишто според моите информации, ги имаат адвокатските тимови на овие лица да ги достават до Врховниот суд или пак до Европскиот суд за човекови права, рече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ.

Мицкоски потенцира дека очекува политичарите да ги држат настрана рацете од обвиненијата и од судските одлуки, да се ослободи обивнителството и судството од каков било политички притисок, а секој граѓанин да има право на своја одбрана, на жалба, на вонреден правен лек во фер услови. Очекува ова да го потврди и Пендаровски и останатите политичари, пред се врвот на власта.

–  Мора да има безусловна правда, ниту сум ги двоел, ниту ќе ги двојам луѓето по името, по нацијата или по верата, ние сме сите граѓани на Македонија и делиме иста судбина. Најсреќен би бил Заев да не влијае на судството, тоа е мојата молба, рече меѓу другото Мицкоски.

Потврдувајќи дека ВМРО – ДПМНЕ ги одмрзна односите со претседателот Стево Пендаровски, Мицкоски информира дека по денешните разговори и за евроинтеграциите, за политичка и економска сосотјба, за состојбата со криминалот и корупцијата, за стратешки проекти, за ставот на ВМРО – ДПМНЕ за клиничкиот центар, за инвестирињето во нова гасна централа, се договориле и понатаму да комуницираат за крупни прашања од интерес на државата и на граѓаните. 

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

Дел од неколку скопски населби без струја

Read more

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Read more

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Read more

Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот законик за сите да имаат еднакви шанси на изборите

Read more
 

Вести

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Читај повеќе