Мицкоски побара притвор за Јанева

Скопје, 16 јули 2019 (МИА) – Компромитираното СЈО е завршена работа, а првиот чекор треба да биде притвор за Катица Јанева и за сите други вмешани во овој криминален октопод. Исполнети се сите услови, побара денеска на прес-конференција лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, посочувајќи дека во вчерашната афера корените се многу подлабоко од двете осомничени лица познати на јавноста, кои, како што рече, треба да бидат жртвени јагниња.

Според него, вчера граѓаните биле сведоци на втор кирминален октопод на СДСМ предводен од Зоран Заев, но овојпат, истакна, поголем со изразено криминално рекетарска медиумска спрега  на високи функционери на власта. Овој втор криминален октопод, смета Мицкоски, е миље сочинето од неформален сопственик на медиум, обвинители чие дејание, потенцира, не може  да биде возможно без поддршка од власта каде имаме злоупотреба на медиум, тргување со правдата, финансиски интереси и политички мотиви.

– Вчерашната панична акција е само театар да се спасат вистинските нарачатели на ваквиот криминал, да се заштити колку може  извршителот Катица Јанева и да не се дознае каква монструозна гарнитура владее со земјата. Видовме со каква леснотија државата има премиер, кој за пет секунди влегува во договор за донација од 100 илјади евра за Вартоломеј, претходно го видовме на она видео како договара за она Мирче свињарникот по принципот евро за евро, а денес имаме случај каде во игра се милиони евра. Зарем некој мисли дека врвот на власта не седи зад овој скандал, рече Мицкоски.

Тој се наврати на она што го кажал пред од прилика четири месеци кога, како што рече, јавно предупредил на криминалот на СЈО поддржан од врхушките на власт и за фактот дека се злоупотребува за политички цели.

– Премиерот Зоран Заев жестоко се спротивстави и застана директно во одбрана на Катица Јанева.Таа беше неговата црвена линија од која не отстапуваше на разговорите и нашите напори за вистинска реформа во обвинителството. Вчера видовме и зошто грчевито ја бранеше, изјави лидерот на ВМРО – ДПМНЕ.

За Мицкоски оставката од Јанева, не е вистинска оставка за таа да не биде пречката во процесот на договор за реформи во Обвинителството, таквиот чекор не е затоа што се работи за личност со високи морални и етички принципи, туку, подвлече, тоа е излезно сценарио за сомнежот дека е до гуша во криминал. Посочи дека и покрај оставката која вчера ја даде Јанева, таа продолжува да биде шеф на СЈО кое за ВМРО – ДПМНЕ е минато завршено време.

Според Мицкоски, од „рускоска обвинителсвото“, нагласи, на Јанева и е одземен само телефонот без било какви дополнителни мерки, а јасно е, истакна, дека силата на двајцата обвинети е токму можноста  за влијание преку СЈО  врските кои тие ги имаат со неа и врските кои ги имаат тие директно со врхушката на власт.

– Не случајно реков дека вчерашниот ден беше театар да се спасат вистинските нарачатели на криминалот. Вчера никаде ги немаше во обвинението фамозните Фрики и Кики, кои заедно со првообвинетиот, како што се говореше во некои написи,  вршеле уцени, изнуди и влијанија. Мојот сомнеж и на ВМРО-ДПМНЕ е дека во сето ова се вклучени директно лица од самиот врв на власта, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО – ДПМЕ упати прашања до власта и побара одговор во најбрз можен рок.

Праша дали е точно дека силата на Катица Јанева доаѓа токму од премиерот,  дали е точно дека при средба во домот на првообвинетиот чест гостин е висок функционер од редот на СДСМ во друштво на Катица Јанева и во тој дом се договараат обвиненија и понатамошни постапувања по тие обвиненија. Праша дали е вистина дека лично Јанева ја има во разговорите со првообвинетиот кои се предмет на истрага, како и тоа дали е вистина оти и други лица на начин како сега обвинетите двајца си завршиле работа со обвинители од СЈО и врвот од власта за непокренување обвиненија.

– Компромитираното СЈО е завршена работа, а првиот чекор треба да биде притвор за Катица Јанева и за сите други вмешани во овој криминален октопод. Исполнети се сите услови. Можност за повторување на делото, затоа што Јанева и денес е прв човек на корумпирано СЈО, постои можност за бегство и за влијание врз сведоци. Сето останато е само слабо и бледо алиби, смета Мицкоски.

Ако некој има дилеми зошто не добивме датум за почеток на преговори со ЕУ ова лето, истакна Мицкоски, еве го одговорот – затоа што имаме криминален октопод што владее со државата и тргува со правдата.

– Тоа што за бизнисмените е рекет, за политичарите е притисок. Треба веднаш оставки и веднаш предвремени парламентарни избори, истакна на прес-конференцијата Мицкоски.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе