Мицкоски: Пописот да се одложи за една година

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлага одлагање на пописот за една година, по примерот на Германија, како и тргање на двата врзани потписи што, според нив, укажува дека оваа статистичка операција е всушност политичка. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски во изјави дека освен овие две работи, тие бараат и примена на читачи за отпечатоци на прсти за лицата кои постојано живеат во земјата.

-Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага прво, да го одложиме за една година. Имаме време до 2022 година, како што направи Германија е сосема доволна бидејќи немаме избори. Второ, бараме веднаш ако е статистичка операција да се тргнат двата врзани потписа затоа што еве јас ви гарантирам дека тие потписи значат политичка операција. Трето, за да докажеме кој е резидент бидејќи согласно Еуростат вие попишувате резиденти, мора да бидат применети читачите на отпечатоци на прсти или т.н. фингерпринти кои согласно новиот Изборен законик се предвидени да бидат дел од следните локални избори во октомври 2021. Значи не е дополнителен трошок тие терминали секако мора да бидат набавени, а така ќе знаеме кои се присутни кои се отсутни, рече Мицкоски во интервју за Нетпрес.

Лидерот на опозицијата вели дека доколку сето ова не биде прифатено, а засега на комисиска расправа ништо не е прифатено, и ако СДСМ продолжи со „насилна процедура, злоупотреба на европското знаменце, ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ги признае резултати, напротив жестоко ќе ги отфрли“.

-Во периодот кој следи ќе работи на терен истите да ги девалвира, а доколу некој мисли дека ВМРО-ДПМНЕ ќе повика на непопишување не е така зошто постои казна глоба од 300-400 евра, ние тоа не
можеме да го направиме. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на терен жестоко да ги девалвира, нема
да ги признае резултатите од овој попис затоа што не постои доверба, рече Мицкоски.

Тој вели дека одлука е на премиерот и лидер на СДСМ Заев дали ќе прифати политички или статистички попис, каде, како што вели, „ќе има мапирање за локалните избори за да може утре да носат вакви или такви подароци, за да ги плати активистите кои работат на избори.“.

-Но тогаш и треба сите да сме свесни дека, па повторам пламените јазици што ги гледавте во Глобал, 13 години потоа, ќе ги гледате во Македонија неколку години подоцна доколку овој човек потрае, а сите да сме свесни за последиците. Затоа е потребно обединување, национално обединување без разлика кој ќе биде дел од тој камп, рече Мицкоски.

Според него, власта процесот за претстојниот попис го води скандалозно, нетранспаренто и погрешно и оти целта им е да спроведат политичка а не статистичка операција.

-Зошто? Затоа што еве ќе имате прилика да видите кои ќе бидат регрутирани да бидат попишувачи и голем дел од нив да не речам можеби сите ќе бидат дел од структурите на СДСМ и ДУИ, вели Мицкоски. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе