Мицкоски: Првиот возможен датум за избори е средината на месец јули

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конфернеција порача дека партијата нема да оди на предвремените парламентарни избори ако тие се одржат на 5 јули, или на предложениот 8 јули, а првиот можен датум е средината на јули.

Тој го повика претседателот Стево Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба, нагласувајќи дека партијата има два услова да учествува на изборите – подготовка на протоколи за заштита на здравјето на граѓаните и услови за фер и демократски инклузивни избори.

Нагласи дека еден ден откако во земјата ќе стигне Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР може да почне кампањата.

-Имаш време денес до крајот на денот да ја продолжиш вонредната состојба. За зошто да ја продолжи вонредната состојба? Затоа што ВМРО-ДПМНЕ има два услови, а тоа е најпрви да изработиме протоколи со коишто ќе го заштитиме здравјето на граѓаните. Знам дека и тебе ти е тоа приоритет. Од ова кратко време колку што имав можност да те запознаам г-дине Стево Пендаровски знам дека и тебе ти е тоа приоритет – да изработиме протоколи со коишто ќе го заштитиме здравјето на граѓаните и втората работа, да имаме фер и демократски инклузивни избори во оваа држава Што значи тоа? Тоа значи дека првиот ден кога мисијата набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат во Македонија веднаш по одржаната нивна прес-конференција следниот ден нека биде првиот ден од нашата кампања и од тој прв ден да го утврдиме датумот кога ќе бидат одржани овие избори. Според сегашната ситуација она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ го антиципираме првата возможна дата е средината на месец јули, рече Мицковски.

Тој упати порака и до раководство на СДСМ и Зоран Заев да не прават притисоци ниту во ДИК, ниту кај граѓаните.

-Ќе ве победиме кога и да се случат тие избори, ќе ве победиме. Одважете се уште од сега и престанете да го втурнувате народот во една ситуацијата во која што наместо да нудиме проекти ќе ги броиме бројот на новозаразените и луѓето коишто за жал ќе го загубат животот. А, јас, ви ветувам дека после дебаклот којшто ќе ви се случи кога и да се одржат тие избори ќе имате право на невиност, на пресумпција на невиност, но одговорноста нема да ви бега, рече Мицкоски.

Синоќа на полноќ заврши вонредната состојба, а откако лидерите на двете најголеми партии во државата владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев и Христијан Мицкоски завчера во Вила Водно не постигнаа договор за датумот за изборите, продолжуваат да течат изборните дејствија за избори на 5 јули. Кампањата, пак, ќе започне на 16 јуни.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе