Мицкоски: Утврдени условите за унгарскиот кредит, очекувам 800 милиони евра инвестициски циклус

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се условите што треба да ги исполнуваат компаниите за банкарски кредити за стопанството обезбедени од страна на Владата и како ќе се врши исплатата, изјави:

„Ја поминавме на владина седница одлука, во вторникот. Со тоа практично го овластивме Министерството за финансии да ги префрли средствата на сметка на Македонската банка за поддршка на развојот, а таа потоа да комуницира со комерцијалните банки. Таа комуникација очекувам веќе да се случи во текот на следната недела и официјално да започне овој проект. Секоја компанија ќе може да аплицира до 10 милиони евра, тоа е еден од условите. Вториот услов е да има 20 проценти сопствено учество, најмалку, минимум. Опфатени се сите оние проекти коишто ќе значат набавка, монтажа на основни средства за работа, софтвер и така натаму, производни капацитети од обновлива енергија коишто ќе произведуваат енергија од обновливи извори на енергија.“

„Понатаму, исто така се опфатени сите оние компании коишто сакааат да инвестираат во административен простор, во магацински простор и така натаму, бидејќи еден производен погон вие мора градежно да го затворите, мора тоа да го изградите. Така што очекувам најмалку 300 милиони евра инвестициски циклус. И заедно со оние 500 милиони евра коишто ги реалоцираме кон општините, ќе дојдеме до вкупна бројка од 800 милиони евра или тоа е 5 проценти од Бруто-домашниот производ, ако го проектираме на 16 милијарди евра“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

реклама

Бразилки давале сексуални услуги во изнајмени станови во скопски Џевахир

Read more

Која е Кинезинката поради која се тресе европската автомобилска индустрија?

Read more

Основна намирница може да помогне во намалување на 'рчењето

Read more

Храна поврзана со забрзано стареење: Намалете го консумирањето

Read more

Македонија

Јаневска: УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништо

Read more

ВЛЕН: Лани ДУИ ja разреши, денеска плачат за Весна Дамева

Read more

Бислимоски: Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, а дополнителна евтина тарифа засега нема

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more
 

Вести

Јаневска: УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништо

Читај повеќе

ВЛЕН: Лани ДУИ ja разреши, денеска плачат за Весна Дамева

Читај повеќе

Украинските војници масовно дезертираат од фронтот

Читај повеќе

Американците заработуваат најмногу од производство на оружје

Читај повеќе

Бислимоски: Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, а дополнителна евтина тарифа засега нема

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе
  • play_arrow

Солун конечно доби метро: Се градеше 18 години

Читај повеќе

Доларот ослабе, еврото зајакна

Читај повеќе

Претседателката на Судскиот совет Дамева си поднесе оставка

Читај повеќе