Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот „Македонија 2025“, којшто се одржува во хотел „Мериот“ во Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали има доволен број пратеници за формирање на влада истакна дека во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано 61 пратеник, но и продолжуваат разговорите со потенцијалните идни коалициони партнери, како што е коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН).

„Па да, можам да кажам дека како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ги завршуваме разговорите со неколку од пратениците кои што не се дел од коалицијата Твоја Македонија и можам да кажам дека во моментот успешно консолидиравме 61 пратеник“, кажа Мицкоски и додаде:

„Не можам да зборувам во однос на деталите, но многу скоро од денеска ќе ги дознаете деталите имајќи предвид дека состојбата е чувствителна, но она што можам да кажам е дека како коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во парламентот покрај 58 пратеници кои што ги има автентично самата коалиција и очекуваме одлука на Управниот суд да видиме што ќе се случува со изборната единица 5 и 6, можам со задоволство да кажам дека имаме консолидирано точно 61 пратеник, но тоа нема да нѐ повлече од разговорите со идните потенцијални коалициони партнери, како што е коалицијата ВРЕДИ“, истакна Мицкоски.

реклама

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Read more

Трик за сочно и меко печено пилешко

Read more

Македонија

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Read more

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

Read more

Мирисот на чад во Скопје е од пожарот кај Грачани, трет ден трае борбата со огнот

Read more

Сончево време со температура до 33 степени

Read more

Вести

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Читај повеќе
  • play_arrow

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Читај повеќе

85-годишен маж уапсен за подметнување пожар во Струшко

Читај повеќе

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Читај повеќе

Вучиќ за кандидатурата за премиер: Подготвен сум да ја прифатам волјата на СНС

Читај повеќе

Турчин уапсен во Охрид за поттикнување на проституција

Читај повеќе

Фронтекс за прв пат распоредува бродови во Ламанш 

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 случаи на заболени од вирусот Западен Нил во Европа

Читај повеќе

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

Читај повеќе