Мицкоски: Жалам што ја поддржав Арсовска

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека чувствува одговорност бидејќи застанал позади градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која, според него, се покажала како слаб менаџер.

– Наместо тоа за што се боревме и наместо за тоа што беа нашите вредности, таа се залага за поинакви кои немаат врска со потребите на Скопје. Но, ќе направам сè, ќе дадам сè од себе, да ја исправам таа грешка и концептот „За модерно Скопје“ да заживее, изјави Мицкоски во интервју за националниот ТВ сервис.

Тој обвини дека во Скопје функционира коалиција помеѓу Арсовска и СДСМ, која е „деструктивна за животот на скопјани“.

– Коалицијата е сè поочигледна и наместо да работат, тие се зафаќаат со растурање на пердуви и лаги, изјави Мицкоски, обвинувајќи дека Арсовска и СДСМ „седат во иста канцеларија, договараат стратегија да глумат дека се напаѓаат, а во исто време да работат за исти интереси“.

Во врска со нападите на Арсовска и искажаните ставови за од нејзина страна за закани, Мицкоски изјави дека е „згрозен и шокиран од таквите лаги“, обвинувајќи ја скопската градоначалничка дека наместо да работи за Скопје се фокусира на лаги.

– Жалам што направив погрешна проценка за карактерот на човекот кој го поддржав денес да биде градоначалник на Скопје. Верував бидејќи препораките и биографијата беа солидни и до ден денеска верувам дека тогаш направивме вистински чекор, бидејќи направивме победник, но жалам што поддржав човек кој сега се фокусира на ниски страсти, лаги, конструкции поучен од не многу ликови кои се дел од нејзиното опкружување. Наместо да испорачува за Скопје, таа се фокусира да растура пердуви за мене и лаги и конструкции, рече Мицкоски. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Македонија

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе