Мицкоски: Зошто да не спроведеме електронски попис?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија истакна дека тој се согласува да се спроведе попис во земјава, бидејќи како што рече, тоа ни е обврска и ќе ни биде обврска.

– Но, зошто да не биде електронски. Јас тоа го понудив, еве нека биде само електронски. И со стискање на копчето ентер да излезат резултатите. Податоците на граѓаните коишто ќе бидат попишани ние потоа ќе ги вкрстиме со определен број на база на податоци меѓу кои вели интегрираното гранично управување, точно знаеме кој влегува кој излегува и на тој начин ќе знаеме кој во државава е присутен, кој отсутен. Пример Вие може да биде државјанин македонски, но не значи дека сте резидент, рече Мицкоски.

Тој истакна дека нашиот систем може да спроведе електронски попис. Да ги вкрсти овие исти податоци и тие бази на податоци ќе дадат одговор како оваа држава да се развива.

– Имаме база на податоци во УЈП кој плаќал даноци. Зошто да има попис теренски. Нека се направи електронски попис и да видиме со што располагаме ние во државата. На терен кога ќе ми дојдат мене дома нема да ми остават пописна листа дека сум се попишал и ќе го прашаат мојот матичен број. Јас кога сум сам дома можам да кажам еве уште 20 матични броеви, тие се тука ама моментално се отсутни, венсете ги и овие 20 броеви во системот. Попишувате присутно население, не попишувате миграција, не попишувате иселеници, не попишувате дијаспора, изјави Мицкоски.

Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочнеме процес на собирање на потписи за укинување на Законот за попис од оние кои немаат доверба во процесот на попишувањето на населението и очекуваме да биде сериозно голем одизивот и тоа да биде ставено како точка на дневен ред на Собранието и очекуваме да биде прифатено од страна на владиното мнозинство.

– Доколку продолжат насилнички да се однесуваат со оваа операција, тогаш мојот прв чекор ќе биде апел не само до граѓаните во Македонија, туку и до македонската дијаспора, до сите они кои имаат недоверба на овој процес да се потпишат, да се пријават и да се потишат само така ќе оставиме трага од системот, која што трага еден ден ќе биде предмет на ревизија за идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Тој посочи дека разговарал и со претставници на меѓународната заедница, истакнувајќи дека доколку постои и еден фалсификат матичен број, тие ќе организираат вистински електронски попис којшто ќе даде вистински одговор на прашањето каква е демографската структура во земјава.

– Не очекувам дека таков политичар имаме во Парламентот кој ако се потпишат над 100.000 граѓани истите нема да ги сметаат, и ако тоа некој го одлучи значи дека директно прифаќа партиска наредба и ако тоа не е политизација и партизација на операција која треба да биде статистичка не знам што е, рече Мицкоски.

Според него, релевантни показатели во демографското движење на населението во земјава немаме од 81 година.

– Е сега, зошто е тоа така? Затоа што кај нас статистичката операција се политизира, што се прави и сега. Ако излегува влијателен пратеник доскорешен министер на една политичка партија и рефлектира во јавноста проценти. И вели до колку еден етникум не е до тој процент, тогаш ние тој попис нема да го прифатиме. Потоа неколку дена потоа излегува лидерот на таа политичка партија на којшто овој припаѓал, зборувам за ДУИ, зборам за Арбер Адеми. Потоа излегува лидерот на таа политичка партија Али Ахмети вели не 20 проценти, туку 25. Ако не сме ние над 25 проценти како Албанци во државата тогаш јас тој попис нема да го признаам, изјави Мицкоски.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе