Мицковски до граѓаните: Вашиот глас ги менува работите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во пресрет на гласањето на изборите испрати отворено писмо до јавноста во кое ги повикува граѓаните да гласаат бидејќи, како што вели, нивниот глас ги менува работите.

– Со негласање им давате право на оние кои ве разочарале да продолжат тоа да го прават. Вашиот глас, пак, ни дава шанса нам, новата генерација политичари, политичари без хипотеки, да ги менуваме работите. Нам ни треба држава и власт која ќе ви служи вам. И нема идеална влада. Јас не ви ветувам чуда, но ви давам збор дека ќе работиме макотрпно и дека сигурно ќе бидеме подобри од оние што сте ги гледале досега. Зашто ниеден успех не дошол без труд и многу пот, многу откажувања и упорност. И не е коцкање ако изберете некој непознат кој ветува успех, но е прокоцкување на сопствената иднина кога му давате втора шанса на некој кој продолжува да губи и да ве разочарува, пишува Мицковски во писмото.

Посочува дека постојат многу причини народот да не гласа за актуелната власт и оти мора да се обнови земјата економски, политички и општествено.

– Како човек и како личност со име и чест врз која се потпира моето име, се обврзувам пред вас на обнова која ќе донесе подобрувања во првите сто дена од новата влада. Се обврзувам пред работниците да добијат поголеми плати, пред невработените да им обезбедиме работа која ќе им овозможи пристоен живот и извесност. Пред пензионерите се обврзувам да добијат повисоки пензии и помалку грижи во миговите од животот кога мирот им е најпотребен. Пред земјоделците да имаат платен труд, конечно да бидат свои на своето, а пред стопанствениците се обврзувам да обезбедиме пониски трошоци за правење бизнис, помалку даноци за државата, а повеќе пари за работниците. На младите им велам доаѓаат подобри времиња. Се обврзувам да обезбедиме општество ослободено од политички притисоци, кое ќе се темели на европските вредности и правда. Македонија е Европа, а заедно ќе ја направиме и членка на ЕУ, вели Мицковски.

Ветува дека ќе се бори за правда и сите да бидат еднакви пред законите, а принципите и вредностите да станат начело по кое ќе се раководат политичарите.

Гласот за помалите партии, според Мицковски, е глас за власта.

– Државите се градат низ многу искушенија и големи одлуки. Мојот сон е Македонија земја на среќни луѓе, на горда историја и наследство, но и на иднина кои сами ќе ја изградиме. Нашата земја е нашето светилиште околу кое ги градиме нашите судбини, а доаѓа денот кога одлучуваме за нив. 15 јули не е само датум, туку крстосница, меѓник на кој одлучуваме за иднината на нашата земја, за нашите семејства, за вашите деца, за идните генерации. Донесете одлука за себе, за Македонија. А јас се обврзувам дека со целата моја енергија, срце и волја ќе се вложам и нема да ве разочарам, вели Мицковски на крајот од писмото. 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more
 

Вести

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе