Мицотакис: Дадовме македонски јазик и македонски идентитет без да добиеме нешто за возврат

Атина, 5 септември 2018 (МИА) - Кое беше постојаното барање на скопската страна, поважно и од името? Македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Ние го дадовме тоа и го дадовме без во суштина да добиеме нешто за возврат и ова е длабоко загрижувачко, бидејќи се поврзува со скопскиот идредентизам, вели претседателот на Нова демократија Киријакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија „Алфа“, а овој став го поткрепува со, како што вели, „одново објавениот“ доверлив документ од Викиликс.

Мицотакис, уште еднаш го повторува и неговиот став дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа.

- Сакам да ги прашам нашите сограѓани, не само во Македонија, како се чувствуваат кога ги слушаат господинот Заев и господинот Димитров да велат „Јас сум Македонец и говорам македонски јазик“ и никој да не одговара. Ние, нема да го ратификуваме договорот ниту сега, ниту во следниот парламент, доколку не се ратификува во сегашниот парламент, вели лидерот на Нова демократија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис објаснува дека ратификацијата на договорот во грчкиот парламент ќе ги намали можностите за правење на какви било промени од нивна страна.

- Ќе ги искористиме сите карти што ни се на располагање за да ги смениме аспектите на договорот што се проблематични. Ова значи дека ако договорот се ратификува тогаш просторот за маневри е ограничен. Подготвен сум да им објаснам на граѓаните: Ако договорот од било која причина не се ратификува, тогаш не постои договор. Работите се многу едноставни, вели Мицотакис.

Во однос на европската и евро-атлантската интеграција на Макеоднија, лидерот на грчката опозициска партија вели дека „проблемот со НАТО е тоа што веќе е означен почетокот на процесот“, а оние кои се должни да одговорат „се оние кои го донесоа договорот“ и индиректно упатува критики до Панос Каменос.

- Ние направивме се што беше во наши раце. Доставивме предлог за гласање недоверба и секако трагична е хипокризијата на владиниот партнер, кој од една страна вели дека нема да гласа и ќе ја бутне владата, а од друга страна седи удобно во фотелјата и едноставно добива време со добра надеж дека договорот на крај нема да помине на референдумот во Скопје, коментира лидерот на Нова демократија во интервјуто во централното издание на вестите на грчката телевизија „Алфа“, пренесе МИА

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе