Мицотакис: Грција прв пат признава македонска националност и јазик

Атина, 14 јуни 2018 (МИА)  Грција по прв пат признава македонска националност и јазик за нашите северни соседи. Елементи што претставуваат корен на иредентизмот, рече лидерот на опозициската Нова демократија Киријакос Мицотакис на денешната расправа во грчкиот парламент, кусо пред да достави барање за гласање недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис упати остри обвинувања до Ципрас за содржината на договорот, особено за делот со јазикот и националноста, велејќи дека „државата добива географска одредница, не народот“.

- Можете да ми кажете, зошто со вашиот договор, жителите на Северна Македонија ќе се викаат едноставно Македонци и ќе говорат македонски?, го праша Мицотакис, Ципрас и го повтори неговиот став дека „прифаќањето македонски јазик и македонска националност се неприфатлива национална отстапка“.

Лидерот на Нова демократија го обвини Ципрас дека лаже и во однос на тоа дека новото име, Северна Македонија, Грција ќе го употребува без превод на грчки јазик, односно како што се изговара на македонски, бидејќи такво нешто нема во објавениот договор.

- Ви читам од обраќањето на премиерот пред само два дена. Се согласија да ја преименуваат нивната земја во Северна Македонија, рече Мицотакис изговарајќи го новото име на македонски и праша: Каде е Северна Македонија во договорот што го доставивте во парламентот? Лажете!, рече лидерот на Нова демократија и го обвини Ципрас дека таму каде што Костас Караманлис рече „не“,  денеска велите „да“.

Кирјакос Мицотакис објасни дека тие сакаат решение, сакаат стабилност на Балканот, но предуслов за тоа е силна Грција и решение што нема да задира во грчките национални интереси.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе