Мицотакис и официјално е нов премиер на Грција

Атина, 8 јули 2019 (МИА) – Лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис и официјално, во премиерската палата во Атина, од Алексис Ципрас ја презеде функцијата претседател на владата на Грција.

На почетокот од средбата премиерот во заминување го пречека неговиот наследник на влезот од палатата „Максимос”, додека, пак, на крајот, на истото место Мицотакис го испрати Ципрас.

Новиот грчки премиер во премиерската палата пристигна пеш од претседателската палата, каде што положи свечена заклетва, по што рече дека уште од денеска започнуваат со напорна работа, јави дописничката на МИА од Атина.

„Грчкиот народ, вчера ни даде силен мандат за да ја промениме Грција. Овој мандат ќе го почитуваме во целост. Од денеска почнува напорна работа и имам апсолутна доверба во нашите капацитети за да одговориме на околностите“, рече Мицотакис откако положи свечена заклетва, а кусо пред и официјално да ја преземе функцијата премиер на Грција.

Новиот грчки премиер, во присуство на потесниот круг на семејството, односно сопругата, нивните три деца, неговите сестри, меѓу кои и поранешната шефица на грчката дипломатија, Дора Бакојани и пред претседателот на државата положи свечена заклетва во претседателската палата.

Кусо пред почетокот на заклетвата Кирјакос Мицотакис и Прокопис Павлопулос имаа тет а тет средба во кабинетот на грчкиот претседател.

Церемонијата на положување свечена заклетва во претседателската и примопредавањето на функцијата во премиерската палата предизивикаа голем интерес како кај грчките така и кај странските медиуми. Со оглед на тоа дека кабинетот на Претседателот и Кабинетот на Премиерот ги дели една улица, просторот пред двете палати беше полн со новинарски екипи, јави дописничката на МИА од Атина.

Во попладневните часови, според најавите, се очекува да биде соопштен составот на новата грчка влада, а свечената заклетва на новите министри веројатно ќе биде утре.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе