Microsoft до корисниците: Ако нејќете милум, тогаш силум

Ако сè уште ја користите верзијата 21H2 на Windows 10, треба да се подготвите за надградба на најновата верзија на оперативниот систем следниот месец.

Microsoft автоматски ќе го ажурира софтверот на верзијата 22H2 на корисниците, дури и ако тие не сакаат, откако ќе заврши поддршката за верзијата 21H2.

На 13 јуни, кога ќе пристигне безбедносното ажурирање од јуни 2023 година, верзиите на Windows 10 21H2 Home, Pro, Pro Education и Pro Workstation ќе останат без поддршка, што значи дека ќе престанат да ги добиваат ажурирањата за заштита од безбедносни закани.

Дури и ако сакате да продолжите да го користите Windows 10 21H2, Microsoft на крајот автоматски ќе ги ажурира уредите на верзијата 22H2. Нема информации кога ќе се случи оваа надградба.

Windows 10 верзијата 22H2 исто така ќе биде финалната верзија на оперативниот систем, иако ќе продолжи да добива безбедносни ажурирања до 14 октомври 2025 година. Деловните корисници добиваат уште неколку години. Секој што сè уште ќе го користи Windows 10 по тој датум, најверојатно ќе треба да обезбеди закрпа од надворешни групи како што е 0patch.

Иако Microsoft ја форсира Windows 10 верзијата 22H2 на оние кои користат постара верзија, компанијата претпочита луѓето да ја надградат на Windows 11.

Компанијата со седиште во Редмонд престана да продава лиценци за Windows 10 Home, Pro и Workstation уште во јануари, иако тоа се однесува само на дигитални преземања на Windows 10 што корисниците ги купиле директно од страницата на Microsoft. Сè уште има многу продавници што продаваат преземања и физички копии, вклучително и OEM копии од Home и Pro достапни на Amazon, а на многу места сè уште се продаваат клучеви на производи по ниски цени.

Windows 11 добива сè поголем и поголем удел на глобалниот пазар, достигнувајќи го историски максимум од 23,01% во мај, според Statcounter. Но, Microsoft најверојатно ќе биде разочаран кога ќе види дека неговиот најнов оперативен систем паѓа далеку зад Windows 10, кој има пазарен удел од 73,46%.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Вести

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Read more

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Читај повеќе

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе