Уште откако беше најавена на E3 2019, фановите на симулацијата за летање на Microsoft со нетрпение очекуваат нови детали за играта што наскоро треба да се појави.
Неодамна објавениот нов трејлер за Microsoft Flight Simulator покажува како ќе изгледа светот во играта, а тука се мисли на терените, градовите и другите површини што ќе ги „надлетуваме со авиони“.
Објавениот видеозапис е само еден дел од серијалот во кој ќе бидат претставени и други елементи на играта, а не само исклучително фотореалистичниот свет.
Наредната епизода на серијалот Discovery ќе се појави следниот месец, а уште не е познато која тема ќе ја обработува.
Светот во Microsoft Flight Simulator навистина изгледа преубаво и се чини дека ќе биде вистинско уживање да се „лета со авиони“ низ овој свет.
Microsoft Flight Simulator ќе излезе следната година за PC и Xbox One.