Microsoft го претстави новиот Xbox – Project Scarlett

Под името Project Scarlett, вчера беше најавена новата гејминг конзола на Microsoft од производната линија на Xbox. Конзолата доаѓа со еден цел куп подобрувања во однос на нејзиниот претходник, а нејзината цел е да претставува достоен ривал за веќе најавениот PlayStation 5 на Sony.

Новиот Xbox ќе пристигне во лето наредната година, а компанијата најави дека до крајот на оваа година ќе добиеме и официјален датум за негова премиера.

Конзолата не доби официјално име, туку до нејзината премиера ќе биде позната како Project Scarlett. Според најавите од Microsoft, таа ќе има процесор четирипати помоќен од оној на актуелната генерација на Xbox, наречена One X.

Што се однесува до внатрешната меморија, овој уред ќе пристигне на пазарот со хард-диск SSD, кој ќе ја направи конзолата многу побрза, бидејќи тој работи со 40 пати поголема брзина отколку хард-дискот на актуелната генерација на конзоли од Microsoft. Од компанијата велат дека новиот Xbox ќе биде револуционерен, а ќе може да емитува видео со резолуција од 8K и 120 слики во секунда.

Засега останува непозната колкава ќе биде цената на Project Scarlett, исто како и кај ривалскиот уред Sony PlayStation 5. Таа веројатно ќе биде објавена во наредниот период, кога Microsoft ќе го објави и датумот за премиера на конзолата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Гејминг

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more
 

Гик

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе