Компанијата Microsoft реши да го модернизира Office пакетот, а тоа подразбира и нови дизајни на иконите во самите апликации. Ова е прва промена на иконите во последните пет години, кои сега се дизајнирани така што ќе изгледаат поедноставно и современо.
Office денес е достапен за Windows, Mac, iOS и Android а компанијата Microsoft секојдневно работи на подобрување на изгледот и корисничкото искуство на нивните апликации.
Новите икони се дизајнирани така што покажуваат како Office пакетот се менуваше во последните години со новите можности на вештачката интелигенција. Тие се значително променети, но сепак доволно препознатливи за милионите луѓе кои секојдневно користат апликации од Office пакетот.
Следна на листата за редизајнирање е апликацијата Microsoft Outlook.