Microsoft тврди: ЕУ е крива за најголемиот пад на системот во историјата

Ажурирањето на CrowdStrike Falcon System софтверот за спречување сајбер напади е основната причина за проблемот што направи прекин во работата на околу 8,5 милиони компјутери во петокот.

По големата „компјутерска хаварија“ што зафати околу 8,5 милиони Windows уреди минатиот петок, што доведе до големи нарушувања во воздушниот сообраќај ширум светот и проблеми во работењето на компјутерските системи на банките и бесконтактните плаќања, железницата, здравствените услуги во Обединетото Кралство, медиуми... конечно се огласи компанијата Microsoft.

Проблемот настана откако компанијата CrowdStrike, која се занимава со сајбер безбедност на глобално ниво и има околу 24.000 клиенти ширум светот, го ажурираше својот софтвер дизајниран да ги заштити уредите со Windows од хакерство и сајбер напади.

Веќе во петокот CrowdStrike официјално ја призна својата одговорност за проблемите во работењето на компјутерските системи кои го користат оперативниот систем на Microsoft, а три дена подоцна официјален коментар за овој проблем доаѓа од технолошкиот гигант од Редмонд.

Microsoft, всушност, тврди дека Европската Унија е виновна за „најголемиот ИТ прекин во светот досега“.

„Договорот од 2009 година, на кој инсистираше Европската комисија, значеше дека Microsoft не може да спроведе одредени промени кои би можеле да ги блокираат ажурирањата од CrowdStrike, што предизвика прекин на околу 8,5 милиони компјутери“, наведе Microsoft во коментар за The Wall Street Journal.

Microsoft има алтернатива

CrowdStrike Falcon System е софтвер програмиран да спречува сајбер напади, кој има привилегиран пристап до клучниот дел од компјутерот (Kernel). Неговото погрешно ажурирање беше главната причина за проблемот.

Microsoft има своја алтернатива за CrowdStrike софтверот - Windows Defender, но поради споменатиот договор од 2009 година, направен за да се избегне истрага за европска конкуренција, им дозволи на другите даватели на безбедносни услуги да го инсталираат софтверот на ниво на кернел.

Инаку, од почетокот на 2000-тите, Европската комисија го обвинува Microsoft за неправедна предност во однос на другите компании, поради популарниот оперативен систем Windows и сите програми и апликации што доаѓаат со него, потсетува Euronews.

Помалку од 1% од сите уреди

Според сегашните проценки, ажурирањето на CrowdStrike погодило 8,5 милиони Windows уреди, што е помалку од ѝ% од сите уреди што работат на тој оперативен систем, соопшти Microsoft.

Иако ова е релативно мал процент, големото влијание на прекините на системот на глобално ниво го одразува фактот дека бројни компании и бизниси го користат софтверот на CrowdStrike, од кои некои се критични.

И откако CrowdStrike ја призна вината за падот на системот во петокот, по што донекаде беа санирани последиците, а погодените служби и компании повторно почнаа да работат, експертите проценија дека ќе бидат потребни неколку недели за целосна нормализација на Windows системот.

Remote video URL
Тагови
реклама

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Read more

Софтвер

Apple Intelligence ќе добие поддршка за повеќе јазици во април

Read more

Google Play воведе верификација за VPN апликациите

Read more

Windows 11 наскоро би можел да го олесни споделувањето датотеки

Read more

WhatsApp статусите ќе може автоматски да се споделуваат како приказни на Facebook и Instagram

Read more
 

Гик

Од Лондон до Њујорк повторно за 3 часа? Се враќаат суперсоничните патнички авиони

Читај повеќе

Климатолозите објавија мрачен извештај: Ќе дојдеме до точката од која нема враќање

Читај повеќе

Песокот од Сахара што паѓа над Европа е радиоактивен, според научна студија

Читај повеќе

НАСА наскоро ќе лансира нов вселенски телескоп SPHEREx

Читај повеќе

Apple Intelligence ќе добие поддршка за повеќе јазици во април

Читај повеќе

Forza Horizon 5 доаѓа на PlayStation 5

Читај повеќе

Google Play воведе верификација за VPN апликациите

Читај повеќе

Во Данска пронајдени фосили стари 66 милиони години - откриваат кој кого јадел

Читај повеќе

Windows 11 наскоро би можел да го олесни споделувањето датотеки

Читај повеќе