Компанијата Microsoft воведе нови емотикони достапни за оперативниот систем Windows 11.
Станува збор за надградба која решава неколку проблеми со багови, но носи и нови емотикони најавени претходно годинава.
Иако станува збор за целосно нов стил, сепак не се работи за 3D изгледот кој Microsoft претходно го вети, туку е понуден 2D изглед.
Емотиконите се редизајнирани така што имаат светли и заситени бои, но немаат 3D ефект со кој би се истакнале.
Уште не е познато дали некогаш ќе ги видиме импресивните 3D емотикони во Windows 11 кои Microsoft ги покажа претходно годинава. Недостатокот на 3D форматот може да биде поврзан со технички ограничувања на фонтот на Microsoft форматот, кој компанијата го користи во прикажување на емотикони во Windows.