Microsoft заменува новинари со роботи

Microsoft ќе замени десетици новинари со автоматски системи за избор на вести на веб-страницата MSN, јавија медиуми од САД и Обединетото Кралство.

Преземањето на стории од други медиуми и избор на наслови и фотографии на страницата MSN во моментот го прават новинари. Вештачката интелигенција ќе ги извршува тие задачи и ќе произведува вести, нагласува извор за The Seattle Times.

Microsoft соопшти дека тој пристап е дел од деловната проценка.

„Како и сите компании, ние редовно го проценуваме нашиот бизнис. Ова може да доведе до поголема инвестиција на некои места и од време на време преместување на средства во други области. Ние не ги донесуваме тие одлуки заради тековната пандемија“, се вели во соопштението на американскиот технолошки гигант.

Мајкрософт, како и некои други технолошки компании, плаќаат новински организации за да ги користат нивните содржини на страницата. Но, имаат вработено новинари да одлучат кои стории ќе бидат прикажани и како ќе бидат презентирани.

Околу 50 новинари кои работеле на објавување вести и имаа договор со Microsoft, ќе ги загубат работните места на крајот на јуни, пренесува The Seattle Times, но ќе остане тимот на новинари кои се вработени трајно.

„Деморализирани сме од помислата дека машините можат да нѐ заменат, но што можеме да направиме“, рече еден од оние со кои се соочуват со отказ.

Некои отпуштени новинари предупредуваат дека вештачката интелигенција можеби не е целосно свесна за строгите упатства за уредување.

Вкупно 27 новинари ќе загубат работа во британската медиумска куќа PA Media, објави The Guardian.

„Читав цело време за тоа како автоматизацијата и вештачката интелигенција ќе го преземат нашиот бизнис – сега тоа го презеде и моето“, рече еден од соговорниците на The Guardian.

Microsoft е една од многуте технолошки компании кои експериментираат со форми на т.н. робот новинарство за да ги намалат трошоците. Google исто така инвестира во проекти за да добие повеќе информации за таа можност.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе