Мијалков и Зврлевски во УБК и по кафеани ги договараа наредбите, тврди ексразузнавачот Богоевски

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, неговиот баџанак, поранешниот обвинител за организиран криминал и корупција, Јован Илиевски, и ексдржавниот обвинител Марко Зврлевски во УБК и по кафеани ги договараа наредбите за политички-монтираните судски предмети.

Ова го изјави ексразузнавачот Слободан Богоевски на презентацијата на извештајот „Под лупа“ за анализа на 12 правосилни кривични предмети. Богоевски рече дека прибавил изјави од двајца раководители во Управата за безбедност и контраразузнавање за повторување на постапката во која тој беше осуден, позната како „Агент“.

„Во меѓувреме во напорите да ги приберам сите докази, прибавив изјави од двајца раководители – началници во УБК, каде раководеше злогласниот Сашо Мијалков“, тврди Богоевски. Тој изјави дека еднаш неделно во УБК се собирале Мијалков, Зврлевски и Илиевски, и ја кроеле судбината на полициско-судските процеси кои биле водени изминатите 10-ина години.

Според изјавите на началниците, средбите биле еднаш неделно, а честопати се одржувале и по кафеани, кога, како што изјави Богоевски, биле под во алкохолизирана состојба. „Сè било извршувано беспоговорно“, рече Богоевски.

„Имаме ли ние судство и што да се прави за никогаш повеќе вакви работи да не се случуваат во државата“, изјави Богоевски, кој, како што рече, засега не гледа сериозни напори за реформи.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more
 

Вести

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе