Мила Кунис и нејзиниот сопруг Ештон Качер во неодамнешното интервју за магазинот People објаснија зошто не сакаат да имаат повеќе деца.
Актерката рече дека нејзиното мало четиричлено семејство е сè што и треба за среќен живот и поради таа причина не сака да ја расипува моменталната ситуација со дополнително проширување на семејството.
„Ќе имам само две деца“, рече Мила, додавајќи дека родителството станува многу потешко кога во заедницата има повеќе деца отколку возрасни.
„Во моментов сме добро. Двајца возрасни, две деца. Слушнав дека преминот од две на три е многу тежок и напорен, а јас не го сакам тоа“, објасни Мила.
Таа претходно зборуваше за предизвиците со кои се соочила во балансирањето меѓу кариерата и семејството и вели дека две деца е совршената бројка.

Да потсетиме, Мила Кунис јавно и отворено зборува за секојдневните проблеми со кои се соочува една мајка и често зборува за суровата реалност на воспитувањето на децата.
„Мајчинството ми даде сосема нова перспектива. И покрај тоа што сум постојано исцрпена и малку недостига да паѓам од умор, истовремено никогаш не сум била посреќна. Работите за кои претходно бев постојано несигурна и кои ме загрижуваа станаа неважни“, изјави во една прилика и нагласи дека кон воспитувањето на своите деца пристапува особено внимателно.
„Немаме намера да израснеме разгалени детишта. Има премногу разгалени деца на овој свет“, заклучи таа.