Фудбал
ЗИМСКИ ТРАНСФЕР ПЕРИОД 2020

Милан договори засилување од Барса, доаѓа Тодибо на позајмица

31. декември 2019 - 10:42 | Ф.З.

„Росонерите“ ги договориле деталите со каталонскиот гигант, играчот доаѓа на позајмица веднаш, но Милан има право на откуп на лето.

Жан-Клер Тодибо синоќа наполни 20 години, а во Барса дојде во јануари 2019 од редовите на Тулуз. Игра како централен дефанзивец, но се снаоѓа и во дефанзивниот дел од средниот ред. Нормално, со огромната конкуренција во Барселона не можеше да се наигра и досега забележа само 5 настапи.

Вниманието на Милан го привлече кога одигра 90 минути во комбинираниот тим на Барса на гостувањето кај Интер во Лигата на шампиони, токму во Милано. Пред очите на скаутите од Милан, младиот Тодибо се прикажа во одлично светло крај противничките голгетери Лукаку и Лаутаро.

Тодибо за Милан до јуни ќе настапува како позајмен играч, а потоа, доколку задоволи, Милан ќе има право да го купи за 20 милиони евра.

Коментирај