Италијанскиот прволигаш Милан е сериозен во намерата да го доведе во своите редови хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен кој сега игра за Ливерпул.
Gazzetta dello Sport пишува дека Ловрен е прв избор на Милан кога станува збор за засилувања во одбраната.
Агентот на Ловрен Владо Лемиќ се сретнал со претставници на „Росонерите“ утрово и разговарале околу два часа.
Ливерпул бара најмалку 20 милиони евра за Ловрен, а 30-годишниот дефанзивец годишно заработува 5 милиони евра.
Милан е подготвен да понуди вкупно 12 милиони евра за четиригодишен договор со Ловрен.